Жените и девојките што успеаја да ги променат своите животи за време на ковид со Ана Стојанова

Ана Стојанова е фитнес тренер кој нуди онлајн програми за слабеење, но нејзините програми се многу повеќе од обична рутина за вежбање. Ана е тренер кој успеа да им ги промени животите на многу девојки и жени, тренер кој им ја врати самодовербата и ги научи да го сакаат своето тело и да се чувствуваат удобно во своја кожа.

zhenite-i-devojkite-shto-uspeaja-da-gi-promenat-svoite-zhivoti-za-vreme-na-kovid-so-ana-stojanova01.jpg

2020-та беше хаотична година, полна со непријатни изненадувања, но на некој начин како да нè натера да се фокусираме на она што е најважно. Нè натера да се запознаеме со вистинските вредности во животот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од себе.

2020-та нè натера да размислиме за нашите животни навики и да сфатиме дека мора да ги промениме ако сакаме да изгледаме и да се чувствуваме добро, а токму овде на сцена истапуваат програмите на Ана Стојанова.

Целта на Ана не е само да ја постигнете посакуваната тежина, таа сака да докаже дека секоја жена и девојка може да изгледа и да се чувствува неверојатно. Таа сака да покаже и дека секоја жена и девојка не е сама во својата борба, туку ја има поддршката на целата нејзина „фит фамилија“.

Жените кои ја пробале програмата на Ана го прифатиле предизвикот од разни причини – некои сакале да го добијат телото од соништата, некои за да се чувствуваат подобро, а некои бидејќи имале здравствени проблеми. На крај, Ана не само што им помогнала да ја постигнат целта, туку им помогнала драстично да си го променат животот на подобро.

„Најчестата порака што ја добивав во 2020-та беше: Ана, ми го промени животот“, вели Ана.

Сакајќи да ја сподели радоста на жените кои забележале неверојатни резултати со нејзината програма, Ана направи и видео кое дефинитивно ќе ве мотивира и вие да направите некаква промена. Во видеото зборуваат жените и девојките кои се колнат во ефикасноста на програмата на Ана и најотворено споделуваат зошто ја одбрале, но и каква промена забележале.

Ана им помогнала на жените да сфатат дека здравата исхрана не значи гладување и дека со малку труд и дисциплина, секој може да го постигне она што сака.

„Армија. Моќ. Сила. Револуција. Нашата 2020. Групата со најмногу трансформации. Љубов. Поддршка. Мотивација. Менуваме животи. Цртаме насмевки.

Жени. Девојки. Мајки. Сите генерации на едно место. Дом. Топлина. Сигурност. Фит фамилија.

Нашето не се опишува. Нашето се доживува.

Уживајте во видеото и среќни празници од мене и до целата АРМИЈА.

Фала ви! Видеото е за сите нас. Едно сме!“

Би можело да ве интересира:

Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg