Предизвиците со кои се соочивме - InPlayer во 2020 година

2020 несомнено беше година полна со предизвици и година што не научи на многу важни животни лекции. Светот се соочи со пандемија од сериозни размери и многу бизниси беа приморани да го сменат оперативниот начин и да дејствуваат целосно со извршување на сите работни обврски од дома.

predizvicite-so-koi-se-soochivme-inplayer-vo-2020-godina01.jpg

Инплеер се најде на среќната страна и благодарение на нашиот посветен тим на професионалци во својата област, успеавме да ја маркирме како година на успеси и просперитет.

Предизвиците со кои сите се соочивме:

Кога станува збор за многубројните предизвици, не може а да не се спомене фактот дека можеби и најпредизвикувачкиот дел беше 170+ колеги да го реорганизираат начинот на работа и сите канцелариски процеси да се реинвентираат и осмислат на поинаков начин.

Секако дека го пречекавме предизвикот со раширени раце и дадовме се од себе да делуваме социјално одговорно и да ги приспособиме нашите постоечки канцелариски процеси за една подлабока кауза, како наш скромен придонес таму каде тоа е најпотребно.

Нашата компаниска култура:

Дел од компаниската култура на ИнПлеер и тоа во што сите колеги уживаат е нашиот заеднички ручек секој петок, како и “16:20 drill” роденденските прослави на нашите колеги во 16:20 часот. Во исчекување на подобри времиња, одлучивме нашиот компаниски ручек и роденденските торти да не ги исклучуваме, туку да ги донираме во Ковид центрите низ нашиот град. Доста скромен придонес, но нема поблагородно нешто од насмевката и благодарноста во очите на хероите на денешницата - целиот медицински и технички персонал. Дополнително, сметавме дека може да излеземе во пресрет и тогаш кога целата држава се соочи со дефицит на медицинска опрема и успеавме да допринесеме со скромен придонес во набавката на потребната медицинска опрема за Ковид центрите.

Работата на далечина предизвикана од Ковид кризата си доби свој импакт и во образованието. Сите сме свесни дека не сите семејства можат да обезбедат се што е потребно за успешен почеток на учебната година на своите најмили. Тука ја поздравиваме и со гордост се приклучивме на иницијативата на Ways2Help, со донација на неколку училишни ранци и прибор за дечињата на кои најмногу им треба и барем на кратко успеавме да овозможиме спремни и со насмевка да ја започнат новата учебна година, онака како што заслужуваат.

Среќата е во малите работи кои инспирираат и мотивираат:

Малите работи се оние кои се најзначајни и носат неописливо чувство на исполнетост и среќа, па така ние не можеме да бидеме посреќни кога знаеме дека како компанија сме се потрудиле да имаме придонес што ќе биде многу значаен, можеби не од материјален аспект, но од нешто што значи многу повеќе и со друго не може да се надополни. Ќе ни биде особена чест и задоволство ако со овој текст успееме да мотивираме и инспирираме и сите заедно да бидеме причина за нечија насмевка, барем на кратко. Ние како компанија продолжуаме да се вклучуваме во сите иницијативи за донации и помош на места каде што тоа е најпотребно и каде можеме да дадеме позитивен пример и инспирација. И секако го завршуваме овој текст со желби за успешна и просперитетна 2021 година, исполнета со добро здравје и многу насмевки, а како најважни секако уште еднаш ќе ги спомнеме оние насмевки за кои сме придонеле со нашето социјално одговорно дејствување како компанија.

Би можело да ве интересира:

Нашиот Мики Секуловски воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си ајкула, местото ти е во финалето“ Босанац, кој е познат по тоа што ретко дели комплименти, по настапот, му кажа на...
Маја Гугоска е креативна охриѓанка која прави совршени новогодишни колачиња и декорации „Нема шанси ако нешто сум видела и ми привлекло внимание да не го пробам. Колачи...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...
Актерот Кирил Андоновски наполни 82 години - прослави со внукот и сладолед наместо торта „На нашиот вечно млад, витален, лесен како пердувче, легендарен и премногу тален...
Нашиот Златко Јовановски имаше 2 ревии на Модната недела во Париз: „Носев круна и наметка, сепак сум... „Костумот што го носев на дефилето, беше везен со 99 огледала. Носев и кралска н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg