ВИДЕО: Што велат децата за насилството врз децата: кои видови насилство постојат, колку од нив биле некогаш жртви?
- Детали
- петок, 25 декември 2020
- Алтернативен детски извештај на Првата детска амбасада Меѓаши
Во рамките на изработката на „Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Македонија – од перспектива на децата“ на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, децата меѓу другото, ја истражуваа и темата „Насилство врз децата“.
Овој извештај е комплетно изработен од страна на деца од 12 до 17 години од повеќе градови низ Македонија, а истиот доаѓа како резултат на наодите од истражувањето за состојбата на правата на децата кое претходеше во периодот јуни-јули 2020 година, а во кое учествуваа повеќе од 1000 деца ширум земјата, но и врз основа на нивното лично искуство и искуството на своите врсници.
„Насилството врз децата“ е втората тема која се обработува во извештајот, а децата всушност можат да бидат жртви на физичко, психолошко, сексуално, економско, семејно, родово базирано, врсничко и сајбер насилство. Според истражувањето, 10% од децата некогаш биле жртва на насилство, а повеќе од 20% познаваат некој кој бил жртва на насилство. Врсничкото насилство е едно од најчестите! 13% од децата наведуваат дека и самите се нашле во ситуација да повредат некого и тоа најчесто во самоодбрана или во одбрана на некој свој близок.
Кои се правата на децата за оваа значајна тема, со кои проблеми најчесто се соочуваат и кои се нивните препораки за подобрување на состојбите, погледнете во ова кратко, интересно видео.