По страшна сообраќајна незгода, една од најфит девојките во Македонија почнува од 0 - емотивна исповед на Инстаграм

„Во сообраќајна незгода се здобив со скршеница на бутната коска, имав операција уште истиот ден, со тоа што ми ставија шипка во ногата, ова е плус прилика да ме видите каква бев пред да почнам да вежбам. Процесот е тежок нема да лажам, но заедно ќе се вратиме во форма“, вели Софија Манчева.

devojkata-so-mozhebi-najdobar-zadnik-vo-makedonija-pochnuva-od-nula-po-soobrakjajna-nezgoda-01.jpg

Софија Манчева е онлајн фитнес тренер. Таа на Инстаграм постојано објавуваше фотографии од вежби, но и од своето совршено тело.

Но, неодамна Софија имаше немил настан, сообраќајна незгода од која закрепнува со месеци.

Сега, вели дека почнува од нула, дека нема ниту мускулести нозе, ниту задник, ниту енергија и сила за тренинзи како претходно. Но, тоа не ја демотивира, туку ѝ дава инспирација да ги тестира на себе сите техники за вежбање за да дојде повторно до завиден резултат како некогаш и да биде инспирација за сите.

Емотивната исповед на Софија:

Друштво, не сум среќна што ви споделувам ваква вест, ама нели, не сме тука само за убавите моменти. ⠀
Животот се случува. ⠀

На 14. 11 бев дел од страшна сообраќајна несреќа. Иако не сум спремна да споделувам никакви детали околу тоа, сакав да слушнете од мене, затоа што веќе слушнав милион муабети и различни приказни. ⠀

Јас сум веќе добра, се стабилизирам и ментално и физички, поминав со скршеница на бутната коска и имав операција уште истиот ден, со тоа што ми ставија шипка во ногата.

Пред мене има процес, ама заради физичката активност сите (вклучувајќи ги и моите доктори) сме со проценка дека брзо ќе се вратам 

Ако нешто ми се уарни овие недели, тоа е доручек во кревет секое сабајле и целосен третман и исполнување на секоја моја желба.

Од ден за ден, сум само подобро. Се чувстувам супер и немам преголеми болки во ногата. ⠀⠀

Правев контрола, вадев конци, се бањав, се средував, сè по ред. ⠀⠀

Утре почнувам со работа со физиотерапевт до наредна контрола и ќе видиме што следува.

Нема воопшто да лажам и да кажам дека периодот што го поминав и поминувам е лесен. Имам mood swings (промени на расположението) на секои 10 минути. Телото и умот си се под траума, ама пробувам да не оставам време и да размислувам премногу, а од друга страна си оставам простор да чувстувам сѐ што ми доаѓа, каква и да е таа емоција и да не чувам ништо во себе.⠀

АМА, не можам да ви опишам колкава поддршка имам и добивам. Мојата фамилија и моите најблиски се во секој момент тука за мене и не ме оставаат. ⠀⠀

Исто така и тука добив премногу пораки, видов колку луѓе ми пишаа и затоа немам ни друг избор освен да бидам многу благодарна и ова искушение да го поминувам со позитивна мисла.

Ми дојдоа секакви идеа за како да продолжам и сѐ си запишав, дури и почнав со реализација. ⠀⠀

Јас не можам да мирувам, а и ви ветив дека нема да ве оставам, затоа што ова што го правам тука е многу значајно за мене и знам дека многу ќе ми помогне. Инаку ова е плус прилика да ме видите каква бев пред да почнам да вежбам, а се разбира и како заедно ќе се вратиме во форма.

Сакам да верувам и си правам убаво чувство дека некако ако пројде годинава и влеземе во 2021 работите ќе одат на подобро? Како се чувствувате во однос на тоа? Утешете ме и кажете ми дека има и други како мене.⠀

Инаку друштво еве ја вака, прв пат се качив на точак и успеав да свиткам некаде напред и назад околу 80 степени. Сега сум при крај на 5тата недела и убаво е кога од ден за ден си течат работите на добро. ⠀

Масажи, магнет, струја и вежби за раздвижување на коленото и враќање на мобилност и силата е она што го работам моментално.

Имам болки не дека немам дури денес беше многу интензивно (Дона си знае како и плачам) ама некако во глава ми стои една повисока цел и тоа ме мотивира. ⠀

Знам дека мора да пројдам низ ова и да почнам од почеток. Видете ми ги нозете... Call me crazy ама ме возбудува мислата дека ќе почнам од почеток со целото знаење што го стекнав во меѓувреме и многу работи што тогаш не сум ги знаела.

Мислам дека многу ќе ми помогне и да поминам повторно низ процес и да видам дали тоа што го правам за сите вас навистина функционира.

И за колку време ќе имам повторно нозе и задник...

Фотографии по сообраќајната незгода:

View this post on Instagram

A post shared by Sofija Mancheva (@manchevas)

View this post on Instagram

A post shared by Sofija Mancheva (@manchevas)

На следната страна фотографии од Софија пред сообраќајната незгода...



Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg