Овозможена опцијата за плаќање на рати со ИутеКредит на Grouper

Плаќањето на рати при онлајн купување станува достапно на најголемиот сајт за онлајн продажба Grouper.mk преку финансиското друштво ИутеКредит. Опцијата за плаќање на рати ќе им дозволи на купувачите да ги искористат сите популарни зделки или да го купат својот омилен производ или услуга веднаш, а да ги плаќаат на повеќе рати.

ovozmozhena-opcijata-za-plakjanje-na-rati-so-iutekredit-na-grouper-01.jpg

Grouper веќе со години претставува една од најпосетуваните дестинации за онлајн купување, а корисничкото искуство сега е надополнето и со опцијата за онлајн кредит за купување на рати преку ИутеКредит Македонија. Сите производи со износи од 3 000 ден. до 120 000 ден. може да се купат на овој начин и да се плаќаат до 24 рати во зависнот од износот и по избор на купувачот.

Самата процедура на апликација за кредитот е пред сé безбедна, брза и лесна. Купувачот може да аплицира на сајтот на Grouper додека ги разгледува и бира производите и услугите достапни во делот Shopping Mall, Зделки и Патувања или пак откога ќе ги стави саканите производи во кошничката. За аплицирање доволно е клиентот да поседува само лична карта. Со одобрување на кредитот, купените производи се доставуваат со купувачот, а тој почнува да ги плаќа месечните рати кон ИутеКредит од следниот месец.

Декември е одличен период да се искористи токму оваа услуга на одложено плаќање со која секој купувач ќе има можност без ограничување да се подготви за празничните денови кои доаѓаат, без разлика дали станува збор за купување на подароци за најблиските, апарати и мебел за домаќинството или пак организирање на релаксирачки викенд на планина. Со само неколку кликови саканите производи стануваат ваши, без воопшто да го напуштите вашиот дом.

Годината која изминува беше полна со предизвици, но и можност да се инвестира и да се развиваат нови решенија кои соодветно ќе одговорат на потребите на купувачите. Токму затоа, преку соработката помеѓу ИутеКредит и Grouper се разви ова решение кое овозможува брз, едноставен и безбеден процес на онлајн купување.

ИутеКредит иднината ја гледа во дигитализацијата и во постојано унапредување на корисничкото искуство, па оттаму и иницијативата да бидеме први на пазарот кои кредитирањето при онлајн купување го воведуваат како начин на плаќање. Веруваме дека пазарот на е-трговија во Македонија е подготвен да оди чекор понапред и да им понуди на купувачите поголем број поволности и опции за плаќање, а партнерството со најголемите онлајн продавници јасно го покажува тоа.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...
Моша е мини копија на тато – Синот на Слаткар пее срамежливо негова песна додека се возат (видео) Моша делува малку срамежливо додека пее, но сепак ја знае напамет песната од Сла...
Слаткар и Иван Јованов се вратија од австралиската турнеја: „Јадевме македонски бурек во Сиднеј, ни ... „Секој концерт беше различен, а всушност, секаде беше многу добро и многу полно....
Запросување на Македонка пред Фонтана ди Треви во Рим: „Фрлањето парички функционира – се вратив од ... Според легендите, се верува дека ако фрлите една паричка во Фонтана ди Треви, па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg