Месец на хуманост во Mozzart – секој тикет е добитен!

Mozzart во рамки на акцијата „Хуманитарен тикет“ во декември ќе донира најмалку 90.000 денари, бидејќи влогот од 3.000 денари кој го дава компанијата на познатите личности за типување воедно е и загарантирана добивка.

mesec-na-humanost-vo-mozzart-sekoj-tiket-e-dobiten01.jpg

Во Mozzart играта на хуманост е сигурна добивка! Влогот од 3.000 денари кој оваа компанија го дава секој ден на познати личности за типување во месец декември, воедно е и загарантирана добивка. Ќе бидат донирани најмалку 90.000 денари, а тука се и потенцијалните добивки од секој тикет кои исто така се наменуваат во хуманитарни цели.

Новогодишните празници се традиционално време на дарување, а компанија Mozzart одлучи цел декември да го прогласи за месец на хуманост и на тој начин да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, поддршката во заедницата беше најмногу потребна. Во овие тешки времиња и зголемена потреба за помош во услови на глобална криза, Mozzart реализираше бројни општествено одговорни активности во различни установи. Покрај континуираната помош кон здравството, Mozzart продолжува и со редовните акции, како што е „Хуманитарен тикет за викенд“ кој е активен повеќе од една година.

Досега имаа два добитни тикети – едниот добитен тикет го состави фудбалерот Остоја Стјепановиќ, а добивката од 99.386 денари беше наменета во Домот за деца без родители во Скопје. Вториот добитен тикет го состави фудбалерот Благоја Тодоровски, а со добиениот износ беа набавени прочистувачи на воздух наменети за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје во хемато-онколошкото одделение.

„Повеќе од една година ја реализираме кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ каде познати личности типуваат во хуманитарни цели. Ни претставува задоволство што досега имавме успешни акции со оваа кампања, а се надеваме дека бројот на добитните тикети во иднина ќе се зголемува и ќе се помага онаму каде што е најпотребно. Одлучивме во месец декември, наместо еден хуманитарен тикет неделно, да имаме секој ден по еден тикет наменет во хуманитарни цели, а вкупниот влог од уплата на тикетите ќе биде дониран по завршување на месецот.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Месецот на хуманост трае до 31-ви декември, а секој ден на социјалните мрежи на Mozzart Bet Македонија ве очекува тикет составен од познат спортист или јавна личност, чиј влог и можна добивка ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Во Mozzart играта на хуманост е сигурна добивка!

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Антониа Гиговска паднала на сцена, Марко Марк водел емисија со откопчан патент: Кога биле најзасраме... „За 1-ви април гостував во 'Сител Бамбини' и водителот ме праша во што сум маски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg