Со хумор ќе ве освојат, со рецептот на Софка за лазања ќе ве размазат! (видео)
- Детали
- петок, 04 декември 2020
Успеавме да се пазариме со Софка и Дани и да „позајмиме” од нивните видео содржини на Инстаграм, една што ќе ве насмее до солзи, друга што ќе ве натера да влезете во кујна и да направите лом, а тој лом да мириса на топол дом.
Оние што слушнале за Софка Камилоска, ќе кажат: готвач. Оние што ја познаваат ќе кажат, “страст и едноставност”. А, Софка за себе ќе каже, “мојата кујна не е комплетна без Дани”. Кај Софка и Дани на профил нема само да ви се отвори апетит, туку и со креативните, забавни видеа ќе ве насмеат од срце. Пред да влеземе во кујна и започнеме со лазања Болоњезе, одиме во супермаркет по намирници.
Погледнете го хумористичното видео тука.
Останатите експертски совети за пазарување ги оставаме за подоцна, а сега да ја вклучиме ринглата и да започнеме со лазањата.
„Оваа храна, лазања Болоњезе, е тип на храна која те теши ако си раскинал со партнерот, ако си депресивен, или времето е лошо. Или едноставно затоа што периодов сме сите повеќе дома. Ретко кој може да одолее на ваков спој на вкусови, кремаст бешамел сос со мелено месо обвиено во доматна паста, и сето тоа со топена моцарела помеѓу слоевите.” – започна Софка со рецептот.
Потребни состојки за 4 лица:
За болоњезе:
1лжц маслиново; 1лжч путер; 1/2 кромид; 1/4 целер + дршките; 2-3 моркови; 400гр мелено месо; 1лжц доматна паста (по избор); 100мл црвено/бело вино; 800гр конзерва пелати; 2 чаши вода; ловоров лист (по избор); 100мл млеко; сол и бибер
За бешамел сос:
2лжц брашно; 60гр путер; 500-600л млеко; мускатно оревче; сол и бибер
За слоеви:
паста лазањи; моцарела; пармезан
Одете на десната стрелка од оваа содржина за да го погледнете видеото од рецептот.
Постапка за подготовка за Болоњезе:
“Исечкајте ги ситно кромидот, морковот и целерот. На тивок оган ставете го маслото и путерот и додадете го кромидот. Пропржете 3-4 минути. Додадете го морковот и целерот. На појак оган додадете го месото и пржете околу 5-10 минути. Потоа доматната паста и мешајте 2-3 минути. Сега додадете го виното, а потоа пелатите и водата. Промешајте и намалете го оганот на тивко. Зачинете со сол и бибер. Ако имате некој дома што не јаде бибер, како Дани, додајте скришно, нема да приметат. Уште шеќерот и ловоровиот лист и под капак динстајте 1:30-1:45 часа. На 10-15 минути пред крај додадете го млекото.” – сподели Софка.
Постапка за Бешамел сос:
„Во тава на тивок оган растопете го путерот и додадете го брашното. При константно матење со маталка додадете половина од млекото, a oткако ќе се згусне додадете ја и другата. Матете додека добие густина. Зачинете со сол, бибер и мускатно оревче.” - продолжи Софка.
Редење на лазањата во 4 слоја:
„Во тава ставете многу тенок слој од месото. Редете ги лазањите, а врз нив 1/3 од месото. Ставете дел од бешамелот насекаде (но, не многу). Ставете парченца моцарела на секој слој, како и малку рендан пармезан. Оваа постапка повторете ја и завршете со листови лазања, врз кои ќе го додадете остатокот од бешамелот. Печете на 200 степени околу 30 минути или додека не заруменат.” – заврши Софка.
Додека ја чекаме лазањата и си подголтнуваме, побаравме од Софка експертски совет за пазарување.
„Јас кога одам во маркет се заборавам, се губам. Еднаш до тој степен, што кога излегов од маркет, ја заборавив Дани внатре, па ми текна на неа на пат накај дома. А кога пазарам сама, редовно заборавам да си понесам паричник бидејќи знам дека можам многу едноставно и брзо да си платам со Halkpay апликацијата, која мојот паметен телефон го претвори во паричник. До душа малку и намерно го заборавам паричникот дека со Halkpay учествувам во наградна игра. Дани на пример, ако платам без апликација е во состојба да ме врати назад да сторнирам сѐ и да платам од почеток со Halkpay.” – ни раскажа Софка.
HalkPay апликацијата на Халкбанк носи вистинска Шопинг победа со 15 смартфони, 10 ваучери за велосипеди, 6 Garmin часовници, 1 електричен велосипед.