Лила Филиповска пие кафе во Скопје ЗОО во друштво на жирафите Того и Каспер: „Енергијата на животните не се споредува со ништо“ (фото)
- Детали
- сабота, 28 ноември 2020
Лила Филиповска сончевото време викендов го искористила за кафе во Зоолошката градина во Скопје со најинтересното друштво – жирафите Того и Каспер.
На својот Instagram профил, Лила сподели неколку фотографии од дружбата со жирафите во Зоолошка:
„Е ова се вика среќа. Денот да е сончев и топол сред ноември… и да пиеш кафе заедно со прекрасни суштества како моите другари жирафите Того и Каспер“.
„Тоа е таа љубов и таа енергија со која зрачат само животните и која не се споредува со ништо друго.
И секако, многу сум среќна што тимот од Зоолошката знаат за оваа моја љубов и ми ги исполнуваат сите желби“, стои во описот на фотографиите.
Македонската водителка објави и видео на кое се гледа дека и на жирафите им годи нејзиното друштво:
Спирова С. | Црнобело