Скопје е ослободено, Скопје е радост – потсетување на старите времиња низ носталгични фотки по повод 13-ти ноември
- Детали
- петок, 13 ноември 2020
Издигнување по кобна поплава и трагичен земјотрес, многу зеленило покрај главните булевари, собиранки пред Чичко Стоилко, капење во Езерото Треска – носталгични моменти прикажани низ фотки од Скопје во минатото, градот кој беше ослободен на 13-ти ноември, 1944-та година, момент кој е радост за сите горди скопјани и 76 години подоцна!
На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада водеа жестока борба и се жртвуваа за слободата на нашиот град - го ослободија Скопје од фашистичка окупација.
42-та дивизија влегува во ослободеното Скопје, ноември 1944 / Извор
Оттогаш скопјани се исправени пред низа предизвици и катастрофални непогоди, како поплавата во 1962-ра и земјотресот во 1963-та, но градот секогаш одново се издигнува и секојпат одново ја покажува својата убава приказна за која гордо раскажуваат скопјани.
Скопје е град со душа и во себе крие многу страдање, но и многу прекрасни, незаборавни моменти кои будат носталгија кај скопјани кои го преживеале неговото ослободување и одново издигнување, но и кај оние кои во подоцнежните години ја почувствувале магијата на овој град.
Мора да признаеме дека Скопје во минатото било како од бајка за која денешните генерации сонуваат.
Но, иако не сите сме го почувствувале на наша кожа, во продолжение ви го прикажуваме животот и историјата на Скопје низ фотографии, во чест на 13-ти ноември, 76 години по неговото ослободување, денот кој вистинските скопјани го слават од срце!
Инстаграм профилот @retroskopje зрачи со носталгија за времиња кои за жал никогаш нема да се повторат, но има и такви кои не сакаме никогаш да се повторат, како трагичните моменти:
Плоштад и Офицерскиот дом во 1960 година
Учителското училиште после земјотресот било преселено во хангари во Карпош 1 во близина на ОУ "Христијан Тодоровски-Карпош"
Поплавата во Скопје во 1962 година - нешто што не сакаме никогаш да се повтори
Поплава во Скопје во 1962 година. Пајко маало и Пелистер во центарот на градот - нешто што не сакаме никогаш да се повтори
Старата автобуска станица Пролетер во 1965 година
Корзo во 70-тите години
Легендарното диско Турист во 1976 година
Средношколци пред Ванила и Чичко Стоилко во 80-тите
Ресторан Пелистер во 1982 година
Бензинска на Макпетрол кај АМСЈ во 80-тите години
Матка во 80-тите години
Полиција на плоштад, 90-тите години
Во култното кафе Чао во ГТЦ на почеток на 90-тите
Партизанска
Уште фотки од населби, објекти, хотели на следната страна...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114748_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114506_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114353_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107529_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107552_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113483_400.jpg)