Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филипче: „Состојбата е крајно сериозна, но имаме одлични мерки, нема потреба од дополнителни рестрикции“

Состојбата со новозаболени и преполнувањето на болничките капацитети деновиве станува сериозна, а додека сите очекуваа најава на полициски час, Министерот Филипче на прес-конференцијата најави дека сегашните мерки се одлично димензионирани, само треба да се почитуваат. 

filipche-sostojbata-e-krajno-seriozna-no-imame-odlichni-merki-nema-potreba-od-dopolnitelni-restrikcii-01.jpg

Министерот Филипче одржа прес конференција во 13 часот, а издвојуваме дел од информациите кои ги изјави:

Во последните неколку недели имаме експлозија на вирусот.

Секаде состојбата е загрижувачка, најголем предизвик е бројот на болнички кревети и кадарот кој е дефицитарен.

Состојбата кај нас не се разликува од овие трендови во светот, а бројката од септември до сега е зголемена двојно.

Од анализите и праксата, процентот на лица на кои им е потребна хоспитализација е околу 7, но со оглед на големиот пораст, бројот на сместени пациенти во болниците сега е 890.

Имајќи го предвид ова брзо пополнување, го активиравме планот за обезбедување дополнителни капацитети и сега цела зграда за интерни болести е наменета за пациенти со ковид.

Целосно се исполните капацитетите на Инфективна клиника, модуларната болница, а сега во функција е ставен Центарот за белодробни заболувања.

Лекарите и медицински сестри се целосно спремни, имавме координативни состаноци и бројката на медицински лица ќе биде распределана во сите болници и одделенија.

Дополнителниот број на кревети кој од утре може да биде на располагање е 150 и дополнителни 100-тина на клиниките за оториноларингологија и очни болести. Со капацитет од 100 кревети работи болницата 8-ми септември без пореметување на редовната програма.

Голем е притисокот врз службите за брза помош. Направивме координација за сместување на пациентите согласно местата кои сега ќе бидат дополнително на располагање од утре.

Есенскиот бран освен во болниците го зголеми и притисокот кон пунктовите за тестирања. Минатата недела ги зголемивме капацитетите, за 400 до 500 теста на ден и сега ги вклучуваме и брзите тестови со дополнителни 500 термини почнувајќи од понеделник само за градот Скопје.

Стигнаа сите вакцини за грип, за време на викендот ќе се направи дистрибуција, спремни се пунктовите и вакцинацијата ќе почне од вторник.

Дозволете да упатам порака, состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот, се заблагодарувам на сите здравствени работници за натчовечките напори кои ги даваат.

Знам дека се преморени, но се надевам дека ќе одговориме на овој предизвик и за да се избориме со оваа битка бараме поддршка од граѓаните, од медиумите од сите.

Клучот е доследното почитување на мерките. Вирусот е широко распространет и најмало внимание може да значи инфекција.

Имаме одлично димензионирани мерки, на утринскиот состанок со комисијата заклучивме дека дополнителни рестрикции не се потребни. Апелирам да не се излегува од дома освен за неопходно.

Би можело да ве интересира:

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Родители внимавајте“: Нов опасен ТикТок предизвик во Македонија и регионот – деца завршија во болни... Предизвикот познат како „Супермен“ се прослави и кај нас, а веќе десетина деца с...
Кике Цветче: „Колку и да ми предизвика болка разводот на моите родители - ми ја зајакна врската со т... „Од мојата десетта година, дружбите со тато се редуцираа на неколкупати неделно“...
Славчо Попоски, метеоролог: „Се очекуваат обилни дождови и голем пад на температурите“ „Од понеделник ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. М...
„Се плашев какво ќе биде моето тело по бременоста, но прифатив“ – Александра Шијакоска започна нов п... „Се плашев какво ќе биде моето тело по бременоста, како ќе се снајдам во новата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg