Славчо Попоски, метеоролог: „Се очекуваат обилни дождови и голем пад на температурите“

„Од понеделник ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Можни се и локални поплавувања“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-se-ochekuvaat-obilni-dozhdovi-i-golem-pad-na-temperaturite-01.jpg

На некои места, врнежите од дожд почнаа уште денес, а исти временски услови можеме да очекуваме и следната недела.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Со оглед на тоа дека најновите излези на најпрецизните прогностички материјали со кои располагаме цртаат голем продор на ладен воздух од север кон Балканскиот Полуостров и Македонија, дефинитивно ова ќе биде циклонот 'Убиец на летото'.

После оваа голема промена на времето која ја очекуваме следната седмица, повеќе нема да имаме вакви високи летни температури на воздухот.

slavcho-poposki-meteorolog-se-ochekuvaat-obilni-dozhdovi-i-golem-pad-na-temperaturite3.JPG

Почнувајќи од 09.09.2024 (понеделник), па во текот на целата наредна седмица ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со повремено силен ветер.

Сето ова ќе биде поради формирањето на циклонски систем над Средоземјето, и истиот ќе влијае на времето насекаде на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија.

Во поголем дел од регионот се очекува да наврне поголемо количество на воден талог, со што можни се и локални поплавувања, а температурите следната седмица ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината, што значи дека и ќе ги почувствуваме првите знаци на есента.

slavcho-poposki-meteorolog-se-ochekuvaat-obilni-dozhdovi-i-golem-pad-na-temperaturite02.JPG

Со оваа промена, поради големиот пад на температурите, на Европските Алпи ги очекуваме и првите обилни врнежи од снег.

Можеби звучи чудно, поради тоа што сè уште е многу рано, но моменталните излези на прогностичките материјали со кои располагаме дури цртаат дека следната седмица ќе има и прво провејување на снег на високите планински места во регионот, па дури и во Македонија.

Се надеваме дека следните излези на прогностичките материјали ќе ја намалат оваа голема промена на времето, поради тоа што навистина она што се црта во моментов на метеоролошките карти е типично за крајот на месец октомври, како и за почетокот на ноември месец“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“ „Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-1...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg