Прогласени победниците на „Наградата за социјално претприемништво 2020“ (Social Impact Award 2020)

Скопје 22 октомври 2020. - Во екот на пандемиската криза со ковид-19, социјалните нееднаквости стануваат сѐ повидливи и се соочуваме со нови предизвици.

proglaseni-pobednicite-na-nagradata-za-socijalno-pretpriemnishtvo-2020-social-impact-award-2020-01.jpg

И покрај ефектите на пандемијата врз формалниот и неформалниот сектор, Шпаркасе Банка Македонија, Бизнис импакт лаб и Пакомак, успешно ја реализираа шестата по ред е-акцелераторска програма – Social Impact Award 2020, односно „Наградата за социјално претприемништво 2020“.

Социјалните бизниси ни се повеќе од потребни во оваа ситуација за да ни помогнат да го креираме начинот на кој реагираме како општество.

За најдобрите три (3) идеи/решенија Зелен печат, ICare и EnRoute, Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од по 1.500, 1.000 и 500 евра за секој од нив. Четвртиот победник „Eko Green Bin“ доби менторска помош обезбедена од Бизнис импакт лаб и Пакомак. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно учество на Самитот на Social Impact Award каде што виртуелно ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји, со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

proglaseni-pobednicite-na-nagradata-za-socijalno-pretpriemnishtvo-2020-social-impact-award-2020-02.jpg

„Искрено, во оваа чудна 2020-та, не очекував дека би имала ваков среќен момент. Водата е наш неопходен ресурс, па затоа и треба да им укажеме одредено ниво на почит на нашите реки. Би сакала еден ден да се вратат приказните за убавите денови поминати покрај Вардар. Многу сум благодарна за укажаната чест и за поддршката што ја добив од целокупниот тим на SIA, посебно менторите, брат ми и мојата драга другарка Викторија Насевска“, изјави Кристина Николова од Зелен печат.

proglaseni-pobednicite-na-nagradata-za-socijalno-pretpriemnishtvo-2020-social-impact-award-2020-03.jpg

„Се гордееме со младите иноватори кои и оваа година, во отежнати услови, успеаја да ги покажаа своите оригинални идеи и да размислуваат во насока на пронаоѓање нови и иновативни решенија во сферата на социјалното претприемништво и решенија за поголема заштита на животната средина. Им честитаме на победниците и ги охрабруваме и понатаму да го задржат позитивниот ентузијазам во нивниот професионален развој и да веруваат во себе! Шпаркасе Банка Македонија и по завршувањето на програмата, ќе продолжи да биде доверлив партнер и да им ја овозможува потребната финансиска и менторска поддршка при развојот на нивните бизниси во рамките на програмата за стартапи ’Чекор по чекор’“, изјави Владимир Кечовски, директор во Дирекцијата за мали и средни претпријатија во Шпаркасе Банка Македонија.

proglaseni-pobednicite-na-nagradata-za-socijalno-pretpriemnishtvo-2020-social-impact-award-2020-4.jpg

Наградата во Република Северна Македонија е организирана од Бизнис импакт лаб. Повеќе информации за „‘Наградата за социјално претприемништво 2020“ ќе најдете на овој ЛИНК.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg