KFC со едукативна кампања за своите потрошувачи - Дознајте зошто KFC е поим за врвно пилешко
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2020
KFC Македонија стартуваше едукативна кампања со цел одблиску да ја запознае јавноста со начинот на подготовка на омилените оброци од овој светски ланец на ресторани, кој нуди богато мени за секој член на семејството.
Преку интегрирана кампања KFC Македонија ќе ѝ овозможи на публиката да ѕирне во кујната и лично да се увери во високите стандарди на квалитет и хигиена според кои работи ресторанот.
„KFC има традиција подолга од 70 години во приготвување на најпознатото пилешко во светот. Покрај 11-те тајни зачини, зад неодоливиот вкус на пилешкото се крие и континуираното унапредување на квалитетот и начинот на подготовка, нешто во што KFC со децении е лидер во рестораните од својот сегмент.
Преку кампањата сакаме транспарентно да го прикажеме начинот на кој се приготвуваат оброците и да ги запознаеме сите љубители на нашите пилешки специјалитети со високиот квалитет на намирници што се применуваат при подготовката, пред сè, пилешкото месо кое е основна намирница во нашите кујни и е секогаш свежо, чисто и непроцесирано.
Дополнително, јавноста ќе има можност да ѕирне позади “главната сцена” и да се запознае со строго дефинираните хигиенски стандарди кон кои KFC како интернационална франшиза бескомпромисно се придржува уште од своето постоење, што во последно време е особено актуелна тема како резултат на светската вонредна состојба.
Накусо, идејата е да го презентираме патот на најдоброто пилешко во светот до кофичките на неговите љубители“, изјавија од KFC Македонија.
Од компанијата нагласуваат дека кај потрошувачите во нашата земја постои висока свесност кога станува збор за избор на квалитетни оброци, но дека многу често постои погрешно мислење дека ланецот KFC е бренд кој припаѓа во категоријата брза храна.
„Еден од главните митови за KFC во нашата земја е дека сме ланец за брза храна, што е многу далеку од вистината ако се земе предвид начинот на подготовка на храната во нашите ресторани.
Точно е дека во кујната имаме доволен број високо обучени вработени и технологија која овозможува брзо приготвување на оброците, но самите оброци, особено четирите типа пилешко како основа на нашата понуда, и во однос на квалитетот и во начинот на подготовка, припаѓаат во ресторанскиот сегмент.
Токму тоа сакаме отворено и на директен начин да го пренесеме до јавноста“, потенцираат од KFC Македонија.
Тие дополнуваат дека главната цел на компанијата е да продолжи да негува отворена и непосредна комуникација со своите потрошувачи, но и со целокупната јавност, затоа што само така се гради вистинска лојалност.
„Транспарентноста е во основата на нашиот бренд. Не сакаме да има тајни помеѓу нас и потрошувачите и подготвени сме да ги откриеме сите, освен најдолгочуваната тајна за 11-те тајни зачини кои се одговорни за вкусот на нашето врвно пилешко месо“, заклучуваат од KFC.