Мојот А1 – апликација за едноставен пристап до бројни услуги
- Детали
- сабота, 10 октомври 2020
Повеќето од нас не можат да си го замислат денот без својот смартфон и многубројните апликации во него.
Апликациите се едни од најреволуционерните и најпопуларните елементи на паметните телефони. Денес, има апликации за се: за едукација, забава, разговори, видео-конференции, гледање филмови, пристап до услугите на мобилниот телефон, и многу други.
Една многу корисна апликација е и мобилната апликација Мојот A1 на А1 Македонија која на корисниците им овозможува лесно и брзо управување со припејд и постпејд мобилните и фиксни услуги. Со креирање на корисничко име или пак со брза најава преку својот мобилен телефонски број, корисникот има целосен пристап до сите услуги.
Функционалностите на оваа апликација се многубројни. За почеток, постпејд корисниците преку мобилната апликација Мојот А1 може да ја следат состојбата на својата постпејд сметка како и искористеноста на активните пакети за GB/MB, минути, SMS и останати активни услуги. Други можности на оваа апликација се приказ на последните 12 сметки, детален преглед на последните 5 сметки, активирање мобилни и фиксни пакети и услуги, префрлување кредит од постпејд на мобилен припејд број, и сето тоа од удобноста на домот.
И припејд корисниците на А1 добиваат безброј можности преку апликацијата: следење на состојбата на својот припејд кредит, искористеноста на активните пакети за GB/MB, минути, SMS и останати активни услуги, активирање дополителни мобилни пакети и усуги и тн.
Но, една од функционалностите која забележа огромен раст во користење во последните неколку месеци е можноста за плаќање на месечните сметки. Преку мобилната апликација, корисникот може да активира електронска сметка и да ги плати своите сметки лесно, брзо и безбедно, со платежна картичка и во секое време.
Најнова функционалност на мобилната апликација е размена на интернет, кој важи за одредени тарифни модели. Зачуваниот интернет во А1 Net Sef, сега корисниците можат да го разменат за интернет во роаминг или за разговори кои странство. Преку апликацијата Мојот А1, корисникот може постојано да следи колку интернет има потрошено од вклучениот интернет и колку зачувано во А1 Net Sef.
Во претстојниот период ќе бидат пуштени многу нови корисни функционалности кои ќе го подобрат корисничкото искуство на овој дигитален канал. Мобилната апликација Мојот А1 е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а може да се преземе од App store/Play store.