100% природни зачини со слатка арома и сушени на чад од дабово дрво

„Драга Европо, запознај ги пиперките!“, рекоа шпанските морепловци кои за првпат ги донесоа пиперките од Јужна и Централна Америка во 15 век. Останатото е историја.

100-prirodni-zachini-so-slatka-aroma-i-susheni-na-chad-od-dabovo-drvo-01.jpg

За прстофат возбуда, со прекрасна црвеникава боја и уште попрепознатлива арома, слатката пиперка набрзо го покори деликатесниот свет на домашни јадења, предводени од специјалитетите од месо и риба, но и намази и чорби. Првично позната како шпанска пиперка, црвената пиперка реши да зачува дел од своето наследство што и денес го формира коренот на нејзиното име.

Богата со витамини, манган, магнезиум и растителни влакна, црвената пиперка содржи 4 пати повеќе витамин Ц од портокалите и повеќе од 30 хранливи материи од групата каротеноиди. Искористете ја максимално со почитување на нејзиниот див, темпераментен дух, но искористете ја и брзо затоа што во спротивно ќе ја изгуби својата боја, вкус и карактер.

Димената пиперка се разликува од својата близначка, црвената слатка пиперка, само по еден, мал, но исклучително важен детал - поради влажната и студена есенска клима во шпанскиот регион Ла Вера, слатките пиперки не можеле да се сушат оставени на воздух, па производителите на пиперки започнале да ги сушат на чад од дабово дрво. 100% природен зачин, исушен на чад од даб, збогатен со раскошна арома и текстура на чад, димените пиперки ја зачувале својата хранлива вредност и со задоволство ќе ја споделат во вашите чорби, гулаши и паприкаши за дополнително да ги оплеменат со слатката арома на дим.

Иако оди добро со скоро сите јадења, димената пиперка особено се сложува со чорби, гулаши, јадења со месо и риба. Испробајте ја во јадења со риба и рижота со морски плодови или пак додадете лажичка во вообичаениот прелив за салата и внесете освежување за готвењето дома. Слатката арома на црвен пипер ќе ја направи салатата исклучително вкусна и примамлива.

Сите зачини од палетата на Вегета Маестро, зачински линии, начини на користење, како и информации за здравствени придобивки од нивната конзумација можете да прочитате ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Стефан од Некст Тајм се вери со саканата: „Рече засекогаш“ Со Инстаграм објава, Стефан Филиповски од дуото Некст Тајм откри дека се верил с...
Калиопи и мајка ѝ уживаат на Водно: „Животот е многу повреден со тебе“ (видео) „Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“, напиша Кал...
Нов тренд за откривање на полот на бебето кај Македонците – Боење облека со врзани очи По балоните во розова и сина боја, и тортата под чиј бел слој се „крие“ сина или...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg