НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!.

nlb-banka-gi-povikuva-decata-da-crtaat-za-ubavinite-na-nashata-zemja-po-povod-mesecot-na-shtedenje-01.jpg

НЛБ Месецот на штедење започнува на 25 септември и ќе трае до 25 октомври 2020 година, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години ќе имаат можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“. 

„Секоја година се трудиме да креираме тема која ќе биде интересна за децата и младите, со цел да ни се приклучат на ликовниот конкурс во што поголем број. Но исто така покрај забавата сакаме темата да биде едукативна и сите заедно да научиме по нешто ново. Ако минатата година ги истражувавме и зборувавме за планетите и ѕвездите, оваа година, поттикнати од „новата реалност“ и свесни дека летниот распуст на сите нас ни помина во рамките на нашата земја , без размислување ја предложивме оваа симпатична тема каде секое дете ќе има можност да го нацрта местото кое го посетило летово и му оставило најдобар впечаток. Ова е одлична можност не само да ги покажеме нашите ликовни вештини туку и да ги споделиме и запознаеме убавините на нашата земја и да ги ѕирнеме дури и најскриените природни убавини“, изјавија од Банката.

Месецот на штедење и оваа година ќе има хуманитарен карактер, при што НЛБ Банка за секој пристигнат цртеж ќе донира парични средства кои ќе бидат наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје.

Со оглед на ситуацијата предизвикана од Covid-19 пандемијата, а со цел поголема заштита, оваа година, дружењето со веќе добро познатите ликови на НЛБ Банка, Тиби и Штуки, ќе се одвива онлајн, а цртежите ќе можат да се прикачат единствено по електронски пат преку веб страницата креирана за оваа намена www.stedenje.nlb.mk

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk, како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, ќе бидат наградени со парични награди.

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg