Без кои пет работи не можете да го замислите денот?

Дали некогаш сте размислувале за работите без кои не можете ни да замислите да ви помине денот?

bez-koi-pet-raboti-ne-mozhete-da-go-zamislite-denot-01.jpg

Листата е сигурно прилично долга, а на неа веројатно се наоѓаат пријателите, добра музика, интернет, можеби еден пар добри патики за трчање, четкичка за заби….

АКо моравте да одберете пет работи без кои не можете да „функционирате“ во текот на денот, кои би биле тие? Сигурни сме дека секој еден од нас има сопствена листа на неопходни „ситници кои живот значат“, но сакавме да провериме и што се наоѓа на ваквата листа кај една од најактуелните пејачки во регионот, харизматичната Сенидах.

Инспирација. Ја пронаоѓа секаде околу себе, во луѓето, во местата, во боите и ја претвора во звук, ја изразува преку текст или ја претставува преку нејзиниот специфичен стил на облекување.

Модни додатоци. Сенидах е страстен љубител на убави и модерни парчиња облека. Нејзиниот автентичен стил на облекување е инспирација за многумина во регионот.

Кафе. Како што велат стиховите од еден од нејзините хитови „Само уживај“, Сенидах сака да ужива во животот. Поради тоа од кафето повеќе бара уживање отколку енергија, така што се одлучува за кремасто млечните вкусови на кафе. Таа со себе секогаш има Insta Grand 3in1 Classic кафе, бидејќи пиењето на тоа кафе е еден од начините на кои таа си удоволува себеси, а притоа и наоѓа начин да се опушти.

Мобилен телефон. На него секојдневно ја слуша нејзината омилена музика, слика селфија и видеа, и секако, разговара со нејзините фанови.

Љубов. Према себе, према пријателите, према музиката или модата… „Бидејќи без љубов не би била она што сум“, како што таа самата често напоменува.

Сенидах ви ги претстави нејзините пет работи без кои не може да ѝ помине ниту еден ден, а колку од нив се наоѓаат и на вашата листа? Дали ги има многу повеќе од пет и дали одбравте слични работи со оние на Сенидах?

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg