Сите мерки за текот на образовниот процес во основните и средните училишта
Протокол за постапување во средните училишта:
- Наставниот процес во училиштето се реализира во период од 07:00 часот до 20:00 часот.
- Секој вработен пред да тргне на работа задолжително ја мери телесната температура, а во случај на зголемена телесна температура (37° и повисоко) вработениот не доаѓа на работа, туку по телефонски пат го известува директорот на училиштето.
- Ученикот е должен секој ден пред поаѓање на училиште да ја мери телесната температура, а во случај на зголемена телесна температура (37° и повисоко) не доаѓа во училиште, туку по телефонски пат го известува раководителот на паралелката.
- Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски/покривка на лицето за сите вработени и ученици во училиштето.
- Сите вработени и ученици задолжително ја почитуваат на мерката за физичка дистанца од најмалку од 1,5 метар.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја паралелка и го истакнува на видни места во училиштето.
- На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето.
- На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.
- Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
- Учениците доаѓаат и си заминуваат од училиште сами, во придружба на родител/старател/образовен или личен асистент (за учениците со посебни образовни потреби), со организиран и со јавен превоз.
- Учениците и вработените во училиштето го почитуваат протоколот за превоз на патници во јавниот сообраќај (линк до протоколот).
- Забранет е влез за родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително почитување на мерката за физичка дистанца и носење на маска/прекривка за лице.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците.
- Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
- За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети кој го истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.
- Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите (во погоните, хигиенско-санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата).
- Договорите за практична обука и учење преку работа кај работодавачите се дополнуваат со одредени одредби, кои ја регулираат реализацијата на обуката во услови на пандемија од Ковид-19.
- Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на ученици од различни паралелки за што училиштето однапред подготвува распоред (пр. За време на 1 наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
- Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре) и тоа за време на наставните часови за што учениците се благовремено информирани.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.
- Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
- Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД - 19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
- Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.