Институтот за белодробни заболувања упати благодарност до Жито Лукс за донацијата
- Детали
- понеделник, 17 август 2020
(Скопје, 17.08.2020) – Во Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле доставена е донација од најголемиот производител на леб и брашно во земјава, Жито Лукс. Донацијата се состои од леб, брашно и колачи соодветно на потребите на здравствената установа.
Компанијата во повеќе наврати има реализирано донации за Институтот, од медицински апарати, инвентар за опремување и подобрување на болничките услови како и производи. Директорот Андоновски ја упати својата благодарност и верување дека донацијата покрај значајна поддршка за установата ќе помогне и за зголемување на свесноста и одговорноста на бизнис секторот кон сите јавни здравствени установи.
„Жито Лукс е компанијата во која што гледаме свој долгогодишен пријател и партнер што искрено се грижи, помага и ја дава својата безрезервна поддршка во нашите напори да понудиме најдобра здравствена нега. Тоа што повеќе пати донирале во нашата установа зборува за нивната способност да препознаат каде помошта е најпотребна и за посветеноста на оваа компанија кон подобрување на условите во јавните здравствени установи, за пациентите и за вработените”, изјави директорот на Институтот д-р Ангелчо Андоновски.
„Покрај секојдневното снабдување на граѓаните со висококвалитетни производи, како наш приоритет останува да биде грижата за заедницата со посебен фокус на здравствениот сектор и оваа година. Поддршката за здравствениот сектор, посебно во моменталната ситуација е од клучна важност и нешто каде што бизнис секторот може многу да помогне. Сакаме да веруваме дека и со оваа донација како и со секоја претходно даваме позитивен придонес”, изјавија од Жито Лукс.