Ладна изворска вода - идеален придружник на секое патување
- Детали
- четврток, 30 јули 2020
Летото е совршено за прошетки и авантури во ваше сценарио, а флашираната вода е незаменлив дел од секое патување, независно дали станува збор за кратка или подолга релација, пеш или со автомобил, дома или во странство.
Носејќи ја со себе во мало фрижидерче, во ранец или во раце, таа ја гаси жедта, не’ освежува и ни дава енергија во текот на патувањето. Една Ладна голтка ни го прави патувањето поубаво и поздраво.
Без разлика дали освојувате некој планински врв, одите на семејна авантура, на одмор или на бизнис патување, секогаш ви е потребно освежување. Експертите велат дека за одржување на здравјето се потребни 8 до 10 чаши вода на ден, односно помеѓу 2 и 3 литри вода. Но, патувањата и континуираната физичка активност знаат да го истоштат телото и затоа е важно тоа да добива доволно течности, со што се намалува ризикот од тегоби, грчеви и дехидратција. Eдна Ладна голтка има моќ да го хидрира вашето тело и да го подготви за денот кој следува!
Секоја нова голтка ќе ви даде чувство како да сте ја освоиле недопрената природа на Осоговските планини, каде што се полни Ladna – од изворот „Бреза“, лоциран на надморска височина од 1.497 метри. Нејзината кристална чистина ќе ве доближи до природата која ја истражувате, а свежината и неизменетиот квалитет ќе ви даде доза енергија за продолжување на авантурите.
Ladna е идеалниот придружник на секое ваше патување и активност, бидејќи е тука да го освежи вашиот ден и да ви помогне во совладувањето на високите температури, планинските врвови или долгите патишта кои стојат помеѓу вас и вашата следна авантура.