Уште една отворена дестинација – Бугарија од денес дозволува влез за Македонците со негативен тест

Според најновите информации, од денес (28.07.2020) Бугарија ги отвора границите за македонските туристи, кои може да влезат во земјата со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

ushte-edna-otvorena-destinacija-bugarija-od-denes-dozvoluva-vlez-za-makedoncite-so-negativen-test-01.jpg

Од 28 јули на македонските државјани им е отворена уште една дестинација за патување.

Според најновата одлука од бугарското Министерство за здравство, со приложен негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, од денес во Бугарија може да влезат граѓани на нашата земја, но и на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт. За граѓаните на Украина, оваа одлука ќе важи од 30-ти јули.

ushte-edna-otvorena-destinacija-bugarija-dozvoluva-vlez-za-makedoncite-so-negativen-test-02.jpg

Инаку, во земјата без ПЦР тест можат да влезат граѓани од земјите членки на Европска Унија, како и од Велика Британија, Северна Ирска, Шенген зоната, но и од Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Источна Република Уругвај.

Сега кога имате уште една земја за избор, ќе се одлучите ли за патување во Бугарија?

Потсетете се на 8 прекрасни плажи во Бугарија

ushte-edna-otvorena-destinacija-bugarija-dozvoluva-vlez-za-makedoncite-so-negativen-test-03.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Докторка од Берово запросена на смена во Итна медицинска помош: „Очекував пациент, но влезе партнеро... „Бев втора смена во Итната медицинска помош. Ѕвончето заѕвоне и станавме на штре...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Како Македонците ги маскираа дечињата за Halloween 2024? (фото) Ќерката на Катарина Ивановска беше маскирана во пајак, а ќерката на Борко Ристов...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маврово, Копаоник, Алпи: Каде зимуваа познатите Македонци? Едни се забавуваа на снегот на нашите планини, други избраа дестинации во соседс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg