Маврово, Копаоник, Алпи: Каде зимуваа познатите Македонци?
- Детали
- недела, 21 јануари 2024
Едни се забавуваа на снегот на нашите планини, други избраа дестинации во соседството, а трети заминаа во Италија. Каде уживаа(т) на зимување познатите Македонци оваа сезона?
Зимската сезона е во полн ек, а Македонците и оваа година избраа локации во земјава, во соседството, но и низ Европа за да уживаат на снегот, скијаат и бордаат и дишат свеж планински воздух.
А, каде заминаа оваа зима познатите Македонци?
Тамара Тодевска неколкупати од почетокот на зимската сезона беше на Маврово со децата, а модниот дизајнер Златко Јовановски ја посети Попова Шапка, која е веднаш над неговото родно Тетово.
Водителот Ненад Георгиевски со семејството беше во Банско, во соседна Бугарија. Во Банско беше и поранешната кошаркарка и фитнес тренер Едина Муса.
Копаоник како дестинација го избраа водителките Лила Филиповска и Марјана Станојковска, но и пејачката Викторија Лоба.
И модната креаторка и инфлуенсерка Маја Кикириткова беше во Србија, но таа како дестинација го избра Златибор.
Актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски се забавуваа на планината Кожуф.
Музичарот Бока Конга, пак, го искористи периодот околу празниците да замине на скијање на италијанските Алпи.
Погледнете ги фотографиите во галеријата:
А. Ј. | Црнобело