Протоколи за македонските плажи: Задолжителни 2 метра дистанца во вода и помеѓу лежалки, забранета е одбојка

На последната седница на Влада беа усвоени протоколите кои се однесуваат на работата на базените и плажите во нашата земја за време на пандемија.

protokoli-za-makedonskite-plazhi-zadolzhitelni-2-metra-distanca-vo-voda-i-pomegju-lezhalki-zabraneta-e-odbojka-01.jpg

Дистанца од 2 метра ќе мора да се одржува како на плажа, така и во водa, препорачливо е да не се користат гардеробите на плажа, а забранети се групни спортови како одбојка.

Вработените задолжително мора да носат маски преку носот и устата, лежалките мора да се дезинфицираат по секое користење и мора да бидат поставени средства за дезинфекција.

Што се однесува до работата на базените, на билетарите задолжително е да се обележи место за чекање со растојание, се препорачува онлајн купување билети, пред влезот да се постави подлога за дезинфекција, а задолжително е секој да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера пред влегување во базенскиот дел.

Како ќе изгледа летото на македонските плажи и базени во хотелите?

Во продолжение протоколите за работа на плажите и базените:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19.

Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 - 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, задолжително е точното и видливо информирање на посетителите со информативно - едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, како и со гласовно информирање за придржување кон препораките.

Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.

protokoli-za-makedonskite-plazhi-zadolzhitelni-2-metra-distanca-vo-voda-i-pomegju-lezhalki-zabraneta-e-odbojka-02.jpg

На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 - 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

protokoli-za-makedonskite-plazhi-zadolzhitelni-2-metra-distanca-vo-voda-i-pomegju-lezhalki-zabraneta-e-odbojka-03.jpg

Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетители  и спроведувањето на мерките.  

Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19 уште ги уредува и санитарно - хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.

На плажите не се препорачува користење на гардероби на плажа.

Протоколот за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, определува како задолжително пред билетарите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 - 2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 - 2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.

Пред влезот на базените задолжително е да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување и да се постави пред влезот на сите простории во објектот.

Задолжително е редовно информирање на посетителите, а користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто).

При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

protokoli-za-makedonskite-plazhi-zadolzhitelni-2-metra-distanca-vo-voda-i-pomegju-lezhalki-zabraneta-e-odbojka-05.jpg

Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и да одржуваат физичка дистанца од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води.

Се ограничува бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот)  или еден пливач на 7 м² во базенот, и задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките.

Протоколот ги утврдува и  останатите санитарно - хигиенски мерки и препораки за вработените кои се задолжуваат да водат евиденција за секој тренинг, организирана спортско - рекреативна активност или слободно користење на базенот од страна на граѓаните со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен со КОВИД-19. За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.

На базените не се препорачува користење на угостителски услуги, а за оние во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg