„Ја растам веќе 16 години“ - Македонка има коса речиси до земјата
- Детали
- среда, 08 јули 2020
Билјана вели дека луѓето постојано ја коментираат нејзината коса, а некои дури и сакаат да се фотографираат со неа.
Билјана Наскова од Јосифово, Валандово, е 33-годишна девојка на која веќе 16 години долгата коса ѝ е препознатлив знак.
Таа вели дека го обожава чувството дека долгата коса ја прави уникатна.
За CRNOBELO.com открива како ја негува косата, но и какви се реакциите на случајните минувачи:
„За почеток морам да напоменам дека сум родена со многу коса и самите можете да видите на фотографијата која ми е направена на година и неколку месеци. Од тинејџерските години ми дојде идеја да ја растам затоа што сакав по нешто да се издвојувам од останатите .
Косата ја растам веќе 16 години и сегашната должина ми е 150 сантиметри. Во последните години ја одржувам истата должина бидејќи колку е подолга, толку е потешка за одржување.
Многу пати сум имала понуди за откуп, но не ги прифаќам бидејќи кога би се решила некогаш да ја скратам тоа би било за донација.
Околу негувањето немам никаков проблем затоа што со години ја имам и сум навикната како лесно да се справам со неа. Нормално не можам секогаш да ја носам пуштена бидејќи смета при извршување на работните обврски.
Луѓето кога ќе ме видат првпат се изненадени од должината на мојата коса. Често слушам гласови позади грб „Леле, види ѝ ја косата“, често ми поставуваат и прашања како ја негувам, а има и такви што сакаат и да се сликат со мене. Најмногу се радуваат малите девојчиња кои и самите посакуваат да имаат толку долга коса.
Фотки од Билјана Наскова:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело