Со ЕМБА програмата на Сити Колеџ, креираме кариерни, космополитски и хумани вредности

Стипендијата Борис Трајковки се доделува веќе седумнаесетта година по ред и секоја година по 20 студенти добиваат можност да ги унапредат своите знаења и вештини на универзитет од светска класа, додека ги одржуваат тековните работни ангажмани и обврски.

so-emba-programata-na-siti-koledz-kreirame-kosmopolitski-i-humani-vrednosti-01.jpg

Преку стипендиите Борис Трајковски за извршната МБА програма на Сити Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, се симбиозира врвен академски квалитет, предавачи со глобално искуство и диплома акредитирана од еден од стоте најдобри универзитети на светот.

Според сведоштвата на дипломираните, вредноста на МБА програмата не е само унапреденото знаење и новостекнатите вештини, туку и ја буди и поттикнува амбицијата за уште поголеми професионални достигнувања и специјализирање во една од шесте области што ги нуди оваа програма.

“Во 2007 година ги завршив студиите на Универзитетот Шефилд во Солун, и потоа морам да признаам дека добивањето работно место беше доста полесно, споредувајќи се со моите врсници кои не се снајдоа толку брзо. Моето гледиште е едноставно: Колку потешки стануваат околностите за работа, толку и бизнис екосистемот се кондензира, а компаниите повеќе ќе бираат силен и едуциран кадар. Поголема шанса за добивање работа ќе имаат оние луѓе кои имаат добро образование. Истото важи и кај претприемачите. Колку повеќе се едуцирате, толку станувате покомпетентни во светот на бизнисот. Во 2011 ми беше доделена стипендијата „Борис Трајковски” од страна на Сити Колеџ и Министерството за Образование. Знаењата со кои се здобив од универзитетот и контактите со колегите, ми се бесценети. Високото образование ми помогна многу во напредокот во кариерата, но пред се ме насочи како да останам човек со високи вредности во ова наше бурно општество”, вели Радован Витошевиќ, Главен извршен директор на мајВорлд Македонија и Бугарија.

so-emba-programata-na-siti-koledzh-kreirame-karierni-kosmopolitski-i-humani-vrednosti.jpg

“За ЕМБА програмата на Сити Колеџ дознав преку оглас за стипендии за поединечни предмети кои се одвиваа во Скопје, со професори од Универзитетот. Имав можност да посетам три од тие предавања, каде сфатив дека EMБА програмата би била одлична можност да го дополнам моето образование во областа на маркетингот. Аплицирав за стипендијата “Борис Tрајковски” која ми овозможи во 2016та да започнам со студиите во Солун. Програмата за мене претставуваше проширување на знаењата од областа на економија, маркетинг, финансии, човечки ресурси, корпоративни финансии, логистика, но во исто време и можност за запознавање со најактуелните трендови. Работејќи во корпорација - А1, имав одлична примена на знаењата кои ги стекнував низ програмата. Стекнав самодоверба во повеќе сегменти, што понатаму резултираше во мој напредок во кариерата. Освен, знаењата, оваа програма е одлична можност и за проширување на познанствата, дружење и остварување релации со колеги”, вели Бисера Николова, Раководител на сектор за Маркетинг за приватни корисници и мали бизниси во А1 Македонија.

so-emba-programata-na-siti-koledz-kreirame-kosmopolitski-i-humani-vrednosti-02.jpg

Позитивните искуства на студентите и дипломците во врска со програмата продолжуваат и на другите сродни активности, мрежното поврзување, приклучување кон и активација на здруженијата на дипломци и истомисленици од цела Централна и Југоисточна Европа. Но, најмногу од се МБА програмата поттикнува и стекнување и развивање на космополитски и хумани вредности.

Повеќе информации во врска со тековниот конкурс за стипендиите Борис Трајковски за ЕМБА програмата, овозможени од Министерството за образование и Сити Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд се достапни на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...
Игор Џамбазов емотивен на роденденот на дедо му Петре Прличко: „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме за... „Денес ќе наполнеше 117 години. И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот...
Бомбакис, дечкото со картони, стана татко: „Сега веќе животот има смисла“ „Има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“, пишува Бомбакис во објав...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Уникатно запросување на Македонка во пустината Невада: „Тој клекна на колена во кал, носев бунда од ... „Дента го славевме мојот роденден, а Коста инсистираше да одиме пред скулпт...
Павле и Ирина Камилоски со голема прослава за првиот роденден на синот: Торта со Симба, забава во ст... Во опуштена атмосфера, со многу гости, балони и декорации во стилот на Кралот ла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg