Интервју со Наташа Атанасова, главната и одговорна личност за decal.mk

Наташа Атанасова е дел од тимот на NewMediaMK повеќе од 4 години.

intervju-so-natasha-aleksova-glavnata-i-odgovorna-lichnost-za-decal-mk-01.jpg

Активно има работено во делот на дигиталниот маркетинг за повеќе од 20 светски и домашни брендови, но за нас најважно е дека е главна и одоговорна за decal.mk, инспирацијата за нашиот денешен муабет.

Што значи Декал и како дојде до создавање на брендот?

Самиот збор “Декал“ значи дизајн аплициран на специјална хартија што потоа може лесно да се залепи на било каква мазна површина. Името на брендот некако се избра самото баш поради неговото значење. На сите во NewMediaMK, персонализирањето на лаптопите ни беше еден вид заедничко хоби и религија. Стикерите беа своевидни сувенири од луѓе, настани, проекти и места што се од големо значење, лично но и компаниски. Така што, самиот процес на создавање на Decal.mk си дојде природно со пиење утринско кафе во канцеларија, и секако доволен број тестови.

Стикери на лаптоп не е новина, зошто беше потребно толку време за да се појави нешто вакво кај нас?

Декалите за лаптоп не се нешто ново во светски рамки, иако постојат само неколку успешни интернационални приказни. Главниот предизвик е да се испланира процес кои ќе ги опслужи најголемиот број на сопственици на лаптоп. На decal.mk ние нудиме налепници за сите лаптопи. Кој било бренд, со било кои димензии и секако дизјан по свој избор. Процесот на подготовка според специфични димензии за секој посебен лаптоп е главниот предизвик. Димензиите мора да бидат прецизно измерени, што понекогаш не е лесен чекор за корисниците, но резултатот на крај вреди за трудот. Ако ги земете предвид и останатите детали како што се заобленоста на лаптопот, испакнатини и слично, сета оваа персонализација и труд за еден декал знае да биде доста предизвикувачки. Не е фер само сопствениците на Apple да имаат убави лаптопи, нели

intervju-so-natasha-aleksova-glavnata-i-odgovorna-lichnost-za-decal-mk-02.jpg

Како се вклопува идејата за персонализиран лаптоп во урбаната културата?

Треба да бидеме горди што индивидуалноста и слободата на изразувањето, станаа дел од културата на живеење и треба да бидеме среќни што можеме да дејствуваме и твориме во вакво време. Живееме во време каде лаптопот повеќе не претставува само алатка за работа или забава, туку додаток со кој сме поврзани лично и емотивно. Со декалите носиме боја и позитивни вибрации на нешто што се сметаше за, сиво парче технолохија. Лаптопот е нов омилен аксесоар, моден додаток, мотивациона порака што секој ден те потсетува да бидеш свој и различен. Налепниците се лесно апликативни што значи дека изгледот на лаптопот е нешто што може да се менува и да се комбинира во зависнот од расположението во кое се наоѓаш, твојот моден стил, годишно време или моментална инспирација. Можностите се безбројни, сѐ што ти треба е имагинација.

intervju-so-natasha-aleksova-glavnata-i-odgovorna-lichnost-za-decal-mk-03.jpg

Неодамна воведовте опција за дизајн по желба. Какви се очекувањата во поглед на побарувачката за ваков тип на производ?

Твој лаптоп - Твој дизајн! По ова се водиме како мото и токму затоа ја воведовме опцијата за нарачка на налепница со свој дизајн, што беше дел од нашиот концепт уште од самиот старт. Ги охрабруваме луѓето да работат на својата креативност и истата да ја претворат во супер кул декал за нивниот лаптоп. Ние сме достапни во текот на целиот процес со совети и помош од избор на дизајн до мерење на димензии на лаптоп. Сѐ уште сме на почеток, па тешко е да кажеме која опција е попопуларна, сега за сега има одличен интерес и за готови и за сопствени дизајни. На крајот на краиштата, важно ни е само добро да си ја завршиме работата и да понудиме одлично искуство за нашите купувачи.

intervju-so-natasha-aleksova-glavnata-i-odgovorna-lichnost-za-decal-mk-04.jpg

Како ти си го одбра твојот дизај за декалот на твојот лаптоп и колку чести ги менувате вие своите декали? Кој ќе биде твојот следен дизајн?

Како фан на нордиски дизајни и геометриски елементи во истите, едноставно морав да имам таков декал за својот лаптоп. А откако и дизајнерот ми ја “одобри“ идејата, отиде на изработка :D Нема правило во тоа на колку време ги менуваме нашите декали во NewMediaMK, сѐ зависи од тоа кој во каков период и расположение е и колку е инспириран за нешто ново. А следниот дизајн на мојот декал со сигурност би бил некој од дизајните од најновата Summertime collection. Колоритен, тренди и уникатен во секој поглед. :)

intervju-so-natasha-aleksova-glavnata-i-odgovorna-lichnost-za-decal-mk-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg