Децата на Катарина Ивановска и Тамара Тодевска се забавуваат во базен во двор (фото)
- Детали
- среда, 01 јули 2020
Катарина Ивановска и сопругот на Тамара, Александар Димитровски Мачка не одолеаја и влегоа да се разладат во базенот заедно со дечињата.
Убавото време Катарина Ивановска и Тамара Тодевска го искористија за забава и релаксација.
Катарина во Маврово има вила и постојано престојува со своите деца Вања и Кира. Но, сега забавата е уште подобра откако се споија со семејството на Тамара и се забавуваа во базен во двор. Тамара пак, поголемиот дел од времето со семејството го поминува во Гевгелија.
На релација Маврово - Гевгелија, двете пријателки обожаваат да го минуваат времето заедно.
Хана и Дарен очигледно обожаваат да се дружат со Вања и Кира.
Инаку, покрај децата во базенот не издржаа и се капеа и Катарина и Александар, сопругот на Тамара.
Фотки од нивната летна забава, од Instagram story:
С. С. | Црнобело