Состојба до 07.06.2020: Од 854 тестови, потврдени се 111 нови случаи
- Детали
- недела, 07 јуни 2020
Каква е состојбата во последните 24 часа - погледнете во продолжение...
Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 63
- Куманово 11
- Штип 12
- Тетово 8
- Велес 3
- Охрид 1
- Гостивар 3
- Крива Паланка 1
- Кочани 9
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
- Прилеп 1
- Тетово 4
- Битола 1
Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.
Би можело да ве интересира:





