Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филипче: „Голем број од новите случаи се од 15 семејства, мерките се затоа што кажаа дека шетаат по цел град“

Денес беа потврдени 180 нови случаи, а министерот одржа прес-конференција за детално да ја образложи состојбата и причините за истата.

filipche-golem-broj-od-novite-sluchai-se-od-15-semejstva-merkite-se-zatoa-shto-kazhaa-deka-shetaat-po-cel-grad-01.jpg

На прес-конференцијата, Филипче соопшти дека голем број од новите случаи се асимптоматски и најголем број од нив се од неколку познати кластери, иако има и неповрзани. 

Тој ги соопшти следните работи:

Продолжува тестирање на сите контакти во кризните општини, од денес до вчера таргетирано се тестираше и кластерската анализа и кластерската анализа го покажа следново:

Околу 15 семејства, вкупно носат 90% од новите случаи.

Има и нови случаи кои не се поврзуваат со овие семејства, што е доказ дека вирусот постои и го има надвор од овие кластери.

Несомнено е дека имаме еден втор бран, како резултат на непочитување на мерките за собири и групирање, што го докажа и увидот во епидемилошките прашалници.

Зголемениот број исто така е очекуван заради начинот на тестирање од овие денови, со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асимптоматски случаи.

Денес има највисок број на тестови во 24 часа, па со овој начин рано се идентификуваат носителите на вирусот и сметаме дека бранот кратко ќе трае, но остануваме претпазливи.

За сметка на тоа, се намали бројот на скринингот на вработените во градинките.

Уште еден податок, вирулентноста значајно слабее, анализата на симптомите во изминатите 7 дена покажува дека има многу случаи кои се асимптоматски, кои се со лесни симптоми. Но, ова не значи дека вирусот не е опасен, сведоци сме дека и сега има пациенти со тешка клиничка слика и граѓаните мора да внимаваат.

Иако бројката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите или на лица кои се веќе во изолација. Но, има и спорадично ширење, па мора да апелирам до повторно почитување на мерките.

Во текот на овие 2 дена комисијата прави детални анализи со тимовите на епидемиолози, во однос на новиот бран и ширењето, со цел да се има подобар увид и во недела ќе се дискутира за следни чекори.

Има 11 случаи на заразени во Болницата 8-ми септември, односно здравствени работници, но работата не е компромитирана. На Гинеколошко-акушерска клиника има 2 заразени здравствени работници.

Согласно овие податоци за големиот број на дијагностицирани во овие 24 часа, сметам дека е оправдана одлуката за полициски час. Апелирам граѓаните да ја почитуваат, а институциите да казнуваат доколку има непочитување.

Следете ја прес-конференцијата за сите детали:

Би можело да ве интересира:

Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg