Филипче потврди: Во Тетово не се почитува самоизолација, граѓани во земјава одбиваат да дадат точни податоци
- Детали
- петок, 29 мај 2020
Откако се раширија гласини за бројката на новозаболени во последното деноноќие, Филипче одржа прес-конференција на која ја потврди бројката.
Во последното деноноќие се регистрирани 52 новозаболени во Македонија - детална состојба тука.
На пресот, Министерот соопшти:
Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, според статистиката, изнесува 5.5%, а тука се калкулираат и тестовите од скринингот.
Капацитетот во болниците е пополнет 11% и со тоа здравствениот систем е во добра состојба, над 92% број на оздравени здравствени лица.
Инциденцата е 10.3 %, трипати помала од пикот во април. 15 градови во кои беа регистрирани случаи, а сега веќе немаат ниту еден активен случај на корона вирус, а во 6 града има до 5 активни случаи.
Зголемениот број на случаи најчесто се од познати кластери, но има и неколку нови во некои општини.
Неколку работи кои загрижуваат според информации од терен за непочитување на мерките, беа индикатор да се направат контроли.
Направен е надзор во Тетово и во Штип, каде се анализирани сите случаи.
Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и има генерално непочитување на сите мерки.
Од увидот во Штип е утврдено непочитување на правило за транспорт, посебно во конфекциите, од кои една е затворена од инспекторатот, со оглед на тоа што има 17 заболени во истата.
Епидемиолозите се соочуваат со одбивање на соработка да даваат точни податоци новозаболените и тешко може да се достават решенија за самоизолација.
Поголема концентрација во Скопје има во Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром, како резултат на непочитување мерки за самоизолација и лична заштита. Тие се заразени во период кога имаше строги рестриктивни мерки.
Повторно ќе бидат воведени таргетирани рестрикции ако епидемиолошката состојба тоа го наложи, што е дискутирано на утринскиот состанок со Комисијата. Ќе се анализира состојбата и во наредниот период и врз основа на тоа ќе се носи одлука.
Во продолжение следете ја прес-конференцијата:
Би можело да ве интересира:





