Позитива на денот: Бабичката која продава цвеќе на Партизанска цел ден за 200 денари и пак е посреќна од сите
- Детали
- четврток, 28 мај 2020
Понекогаш, потребни ни се токму вакви кратки, реални приказни кои ќе нѐ „удрат“ од земја и ќе направат да сфатиме колку не го цениме животот и она што го имаме.
Во трката со времето и да направиме што повеќе, да постигнеме што повеќе, многу луѓе забораваат на уживаат во малите нешта.
Но, не и оваа бабичка која и во најтешките денови наоѓа сила да остане позитивна и да се радува на секоја ситница.
На Фејсбук вирално се прошири приказна за бабичката која продава цвеќе на Партизанска.
Ведра, насмеана, со маска на лицето, но ја тргнала за да испадне поубава на фотката – колку чини нејзината насмевка? 50 денари од цвеќе? Ајде да ја направиме најсреќна и најнасмеана!
Да ги поддржиме овие луѓе кои се толку позитивни и се радуваат на малите нешта. Да земеме цвеќе од нив и да им го скратиме седењето по цел ден надвор додека повеќето само ги одминуваат.
Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо?
- Малите 50 денари, големите 100 денари.
И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.
-Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари.
Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.
-Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.
... Среќата ја прават малите нешта ❤️
Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо? - Малите 50 денари, големите 100 денари. И викам, дај ми едно големо и ѝ давам...
Posted by Dimitar Angelkoski on Wednesday, May 27, 2020
М. М. | Црнобело