Отворена е зоолошката во Скопје – како изгледа живеалиштето на фламингата? (фото)

Од денес (26.05.2020), вратите на ЗОО Скопје се повторно отворени – посетителите ќе можат да уживаат во друштво на животните, а наскоро ќе биде отворено и живеалиштето на фламингата.

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-001.jpg

Пролетните денови не може да се замислат без прошетка низ Зоолошката градина во Скопје, а иако и досега персоналот нè водеши на виртуелни прошетки, сепак од денес истата е повторно отворена за посетители по долгата пауза заради корона вирусот.

Секако, ќе има посебен безбедносен режим за заштита на вработените и посетителите, но и на животните:

☑️ Носење маска/марама при влез во Зоо Скопје
☑️ Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
☑️ Строго е забрането хранење и доближување до животните
☑️ Отпадоците да се фрлаат во корпите
☑️ Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
☑️ Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
☑️Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-003.JPG

Она што сите со нетрпение го очекуваме е да биде отворено и едно од најубавите живеалишта на фламинга во Европа.

Имаме 15 карипски фламинга, помали од една година кои пристигнаа од Чешка, а силно розовата боја ќе ја добијат допрва, бидејќи се бебиња. За нив се изработи едно од најубавите живеалишта во Европа.

Би требало отворањето да се случи следна недела. Моментално фламингата се во внатрешниот дел и се хранат со специјална храна - ракчиња преку која го добиваат розовиот пигмент. Храната ја набавуваме од Германија, затоа што ако не се хранат со ваков тип на исхрана, фламингата стануваат сиви. – вели Тина Мицковска, портпарол на ЗОО Скопје.

Како изгледа живеалиштето на фламингата кое наскоро ќе биде отворено:

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-02.jpg

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-03.jpg

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-04.jpg

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-05.jpg

otvorena-e-zooloshkata-vo-skopje-kako-kje-izgleda-zhivealishteto-na-flamingata-foto-06.jpg

🔜 Уште кратко и ќе може да ги видите нашите прекрасни фламинга во нивното ново живеалиште кое ќе биде една од најубавите европски зоо лагуни ❤️

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Monday, April 27, 2020

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Се слави празникот Преображение господово – Денес не се оди во кафеани и не се спие преку ден Се верувало дека ако денес спиете преку ден, ќе се преобразите во поспани и сонл...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Соопштение од ЗОО: „Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО“ Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 г...
Каде се и како изгледаат денес учесниците на првиот „Македонски идол?“ Некои од учесниците во шоуто денес имаат успешна музичка кариера, некои ја смени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg