Состојба до 25.05.2020: Направени се 258 тестови, потврдени 21 нов случај
- Детали
- понеделник, 25 мај 2020
Во продолжение следи состојба од последните 24 часа...
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.
- Скопје 7
- Куманово 2
- Прилеп 2
- Велес 2
- Гостивар 1
- Крива Паланка 1
- Пехчево 1
- Берово 1
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19.
- Скопје 12
- Куманово 3
- Штип 1
- Тетово 5
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.
Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Би можело да ве интересира:





