„Додека градот спиеше, доцна во ноќта зачука срце“ – историски ден во македонското здравство

Доцна во ноќта, во 2 часот и 43 минути зачука срцето на пациент по успешно направената прва трансплантација на срце во Македонија – испишана историја во македонското здравство.

dodeka-gradot-spieshe-docna-vo-nokjta-zachuka-srce-istoriski-den-vo-makedonskoto-zdravstvo-1.jpg

Во текот на вчерашната вечер Министерот Филипче ја извести јавноста дека доцна во ноќта ќе биде извршена првата трансплантација на срце во Македонија.

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината...

Posted by Венко Филипче on Friday, May 22, 2020

Семејството на пациентка која што за жал починала, се согласило да го донира нејзиното срце и да спаси живот – хуманоста победи сѐ и докажа дека не мора секогаш сѐ да биде толку трагично во овие тешки времиња. Секоја чест за семејството кое се одлучило на таков тежок и болен, но уште похуман гест.

Трансплантацијата беше изведена под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија) заедно со Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и уште цел тим на кардиохирурзи кои испишаа историја и ја вратија вербата на многу македонски семејства.

Оваа вест за спасен живот допре длабоко до сечие срце, ја врати вербата во хуманоста, човечноста, но и во моќта на вештите раце и знаење на македонските медицински лица – секоја чест!

Министерот Филипче утрово извести дека трансплантацијата поминала успешно, а беше и во посета на пациентот.

dodeka-gradot-spieshe-docna-vo-nokjta-zachuka-srce-istoriski-den-vo-makedonskoto-zdravstvo-02.jpgфото: Фејсбук Венко Филипче

dodeka-gradot-spieshe-docna-vo-nokjta-zachuka-srce-istoriski-den-vo-makedonskoto-zdravstvo-03.jpgфото: Фејсбук Венко Филипче

Му посакуваме на пациентот долг и среќен живот, а срцето да чука до 101! 

На следната страна - емотивна објава со фотки и видео од операционата сала...



Би можело да ве интересира:

Пеце од Суперхикс: „Денес се навршуваат 17 години од смртта на мојот брат, ден подоцна загина и Тош... „Е мој Тоше, џабе и ти ‘шушкаа молики’ и пееше за ‘руси коси’ и се прашуваше ‘шт...
Добрила Чабриќ од „Никогаш не е доцна“: „На 95 години уште возам, не сакам кога ми велат дека сум ст... Најстарата учесничка на шоуто „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ, освен што ја...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има постуден воздушен бран, со врнежи од дожд и снег на планините“ „Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта, облачноста ќе се зголемува, и...
„Дуња ти беше џин со добро срце“ – Активистката Тина Мицковска со емотивна објава по смртта на слони... „Знаеше на моменти да свириш со сурлата во празно како што тоа си го правела на ...
Не сакаат да си одат од куќите, тоа е сè што имаат - Страшни видеа од опожарените села во Македонија Додека едни одбиваат да си одат и со полиција мораа да бидат евакуирани од домов...
Андријана Јаневска сними песни за популарна видео игра: „Ги отпеав во 2022, подоцна дознав дека се з... „Требаше да отпеам една композиција од околу 3 минути, на измислен јазик. Ми каж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg