Avon Фондацијата за жени донира 7.000$ на кризниот центар „Надеж“ за поддршка на СОС линијата и згрижувачкиот центар

На светко ниво, поддршката на Фондацијата за жени изнесува 1 милион долари, наменета за непречена работа на центрите за борба против семејно насилство

avon-fondacijata-za-zheni-donira-7000-dolari-za-krizniot-centar-nadezh-01.jpg

5 мај, 2020год. - АVON Фондацијата за жени ја објавува финансиската поддршка од 1 милион долари распределена во грантови наменети за 50 центри и хуманитарни организации ширум светот. Грант-програмата за итна поддршка е лансирана истовремено со кампањата на AVON #ИзолиранаНоНеСама (#IsolatedNotAlone), како одговор на порастот на бројот на случаи на семејно насилство за време на изолацијата и физичката дистанца поради корона вирусот.

Финансиската поддршка ќе обезбеди неопходна помош за над 250.000 жени и деца кои се под директен ризик или веќе трпат семејно насилство. Грантовите се распределени во 37 земји од Европа и Латинска Америка.

Донацијата од 1 милион долари е во линија со кампањата за свесност на AVON со која се крева гласот против зголеменото насилство како резултат на изолираноста поради пандемијата со Covid-19.

Во Македонија, AVON Фондацијата за жени донира 7.000$ на Кризниот центар Надеж, за поддршка на СОС линијата за жртви на семејно насилство, како и за обезбедување на соодветни услови во нивниот згрижувачки центар. Маја Дилберова, Претстедател на Кризниот центар Надеж изјави:

“Нашиот кризен центар е исклучително благодарен на AVON за повеќегодишната поддршка. Нивната донација ќе ги унапреди нашите услуги и помош; ќе помогне да ги држиме нашите врати отворени, истовремено овозможувајќи дополнителна поддршка за нашиот стручен тим кој ја води националната линија за помош и поддршка 15315, во исклучително специфични и отежнати услови. За време на овој период на физичка дистанца и зголемена изолација, сакам жените да знаат дека не се сами.”

Во партнерство со сестринскките брендови Aesop, The Body Shop и Natura, AVON ги повикува владите во светот постојано да го имаат во вид проблемот со семејното насилство и да го зајакнат финансирањето и и ресурсите за справување со зголемената статистика на насилство. Компаниите го искористуваат својот глас за да допрат глобално до 200 милиони корисници во 110 земји и да ги повикаат луѓето да ја поддржат кампањата.

Натали Дикон, Претседател на AVON Фондацијата за жени, изјави:

“Над 130 години, AVON ги поддржува жените и нашата поддршка сега е потребна повеќе од кога и да е. Со последната донација од AVON Фондацијата, ние можеме да направиме видлива разлика во животите на жените и децата - жртви на семејно насилство ширум светот, на кои им е итно потребна помош и заштита.
Веќе 15 години, AVON ги поддржува организациите кои се борат против семејно насилство и потребата од поддршка не била никогаш попотребна. Горди сме што можебе да придонесеме и да ја поддржиме кампањата на AVON, #ИзолиранаНоНеСама за да одговориме на порастот на насилството предизвикан од пандемијата со корона вирусот.”

Глобално, 5 милиони Претставници на AVON ќе продолжат да пружаат витална помош за жени и деца кои се предмет на насилство, преку споделување на информациите и местата каде да се најде поддршка и помош, како и преку донација на неопходни производи за лична хигиена.

Во пошироки рамки, AVON ги прилагоди своите капацитети за производство на продукти за лична хигиена кои се најпотребни за здравствените работници, но и за сите останати работници на витални позиции. Стотици илјади пакети со производи за лична хигиена беа донирани на локалните болници и челните служби за помош во светот.

Во Македонија, на крајаот на месец март, AVON донираше 400 литри производи за лична хигиена на Клиниката за Инфективни заболувања во Скопје.

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg