Компанија со срце: Подравка донираше пакети со производи за институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле

Петок, 08 мај 2020. Вчера, претставниците на менаџментот на компанијата Подравка заедно со амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Северна Македонија Нивес Тигањ, донираа пакети со прехрамбени производи за деца од 0 – 18 годишна возраст кои престојуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања во Козле, како и за болничкиот персонал кој се грижи за нив.

kopmanija-so-srce-podravka-donirashe-paketi-so-proizvodi-za-instituot-za-belodrobni-zabouvanja-kozle-01.jpg

Како општествено одговорна компанија, Подравка води грижа првенствено за најмладите за кои смета дека се нашата иднина, со желба да им помогне кога помошта им е најпотребна токму преку ваков тип на хуманитарни иницијативи.

„И покрај вонредните услови во кои живее регионот и светот, Подравка се труди да помогне онаму каде што е најпотребно. Денеска ќе се обидеме да им украдеме насмевка на децата кои се лекуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, во Скопје. Во име на сите вработени во Подравка даруваме едно големо срце за побрзо оздравување на децата и нивно враќање во нормалниот живот“, истакнa Игор Мањиќ, директор на компанијата Подравка во Р. Северна Македонија.

kopmanija-so-srce-podravka-donirashe-paketi-so-proizvodi-za-instituot-za-belodrobni-zabouvanja-kozle-02.jpg

kopmanija-so-srce-podravka-donirashe-paketi-so-proizvodi-za-instituot-za-belodrobni-zabouvanja-kozle-03.jpg

kopmanija-so-srce-podravka-donirashe-paketi-so-proizvodi-za-instituot-za-belodrobni-zabouvanja-kozle-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg