Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Состојба до 03.05.2020: Регистрирани се 95 новооздравени и само 5 новозаболени пациенти

Каква е најновата состојба во последното деноноќие? Погледнете детален преглед во соопштението од Министерот Филипче...

sostojba-do-03-05-2020-vo-makedonija-01.jpg

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.

  • Скопје 32
  • Куманово 38
  • Прилеп 16
  • Тетово 2
  • Велес 7

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на коронавирус.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид.

Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

sostojba-do-03-05-2020-registrirani-se-95-novoozdraveni-i-samo-5-novozaboleni-pacienti-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае детето при упис во прво одделение? Освен потребните документи, (потврда за примените задолжителни вакцини, потврда ...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2024 Што облекоа познатите личности кои присуствуваа во публиката, а што облекоа води...
Спенџарска и Милена Антовска снимија пародија со колешките: „На новогодишна забава од фирмата во кој... „На новогодишна прослава од фирма во која сите барем по 100 пати сакавме да си д...
Шеф Марк го прослави роденденот со сопругата на егзотично патување во Бали По патувањето во Мароко, готвачот Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка замина...
Бикини „двобој“ на Туна и Аделина - згодни мајки со извајани тела (фото) Привлечни и секси, со извајани тела, двете се „божици на плажата“ - Туна или Аде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg