Квартален раст на продажбата и добивките на Атлантик Група и покрај рестрикциите

Прогласувањето на состојба на глобална пандемија и воведувањето на рестриктивни мерки на сите клучни пазари почнаа да влијаат на работата најмногу поради неможноста за продажба преку HoReCa каналот, но негативните влијанија се анулирани преку зголемена побарувачка во домаќинствата, првенствено на производите Argeta, Barcaffe и Grand kafe, Donat Mg, како и на фармацевтскиот ланец Farmacia.

kvaliteten-rast-na-prodazhbata-i-dobivkite-na-atlantik-grupa-i-pokraj-restrikciite-01.png

Атлантик Група во првото тромесечје од 2020 година оствари приход од продажба во износ од 170,8 милиони евра, што претставува раст од 12,2% во однос на истиот период минатата година, доколку се земат предвид дезинвестициите1 Деловната добивка (EBIT) во овој период изнесува 16,2 милиони евра и е зголемена за 15,4%, додека нето добивката во однос на првиот квартал лани порасна за 10,6% на 11,9 милиони евра.

„Тромесечијето на секој план беше одбележано пред сѐ од пандемијата предизвикана од COVID-19, со која светот сѐ уште се нема изборено, а со новиот корона вирус и неговите последици тукушто учиме да живееме и работиме. Несомнено е дека оваа ситуација има ефект и на нас, меѓутоа досега, освен престанувањето на продажбата преку HoReCa каналот и падот на потрошувачката во on-the-go и импулсниот сегмент, немавме други значајни негативни влијанија на нашата работа. Баш напротив, во првиот квартал од оваа година остваривме значаен органски раст, кој е последица на одличната стратегија за бизнис областа (СБО) на Деликатесни намази, аптекарскиот ланец Farmacia, бизнис областите Donat MG и СБО Кафе. Веруваме дека нашата стабилна финансиска позиција, историски највисоките резултати во 2019 година, постојаната посветеност на вработените на Атлантик Група, која во оваа ситуација особено дојде до израз, како и моќта на нашите брендови, ќе помогне да ја надминеме кризата без посериозни последици“, коментираше претседателот на Управата, Емил Тедески.

Најмногу растеа Argeta, Farmacia и Donat Mg

На вкупниот раст на приходите најмногу влијаеја Деликатесните намази со раст од 38,9% и Donat Mg со раст од 12,5%. Кафето со 33,6 милиони евра приход од продажба кое сочинува 19,7% од вкупните приходи се истакнува како најголема поединечна категорија. Во првиот квартал сегментот Кафе оствари раст од 5,4%, од кои најмногу во свежо мелена и инстант категорија. Помеѓу поединечните пазари најзначаен раст од 13,2% беше забележан во Словенија, а следни се БиХ со 12,7% и Хрватска со 6,9% раст. Во вкупната продажба сопствените брендови имаат удел од 62,8%, а брендовите од принципал и дистрибуција сочинуваат 27,3% од вкупниот приход. Аптекарскиот ланец Farmacia, кој во првите три месеци бележи раст од 18,9%, претставува 9,9% од вкупниот приход од продажба.

Donat Mg на почетокот на годината, со оглед на специфичната функционалност и меѓународната перспектива, беше издвоен како посебна бизнис област од СБО Пијалаци, чиј дел беше порано.

Заштита на здравјето на вработените, партнерите и сограѓаните

Иако работењето на Атлантик Група во поголемиот дел од првото тромесечје се одвиваше вообичаено, прогласувањето на пандемија предизвикана од COVID-19 и воведувањето на рестриктивни мерки на сите клучни пазари со цел превенција на ширење на вирусот, почнаа да влијаат на деловните процеси на компанијата во втората половина од месец март. Негативниот ефект се почувствува примарно преку неможноста за продажба преку HoReCa каналот поради затворањето на хотелите, рестораните и кафулињата и во одредена мера дури и на продажбата на производи наменети за консумација надвор од домовите и тн. импулсни производи. Овие негативни влијанија истовремено беа анулирани со зголемената побарувачка и правењето на залихи во домаќинствата, првенствено на производи како Argeta, Bakine tajne, но и Barcaffe и Grand kafe, Donat Mg, дел од солената и слатката програма на Štark, Cedevita за консумација дома, производите наменети за одржување на лична хигиена, како и производите кои се продаваат преку Farmacia.

Атлантик Група е меѓу првите компании кои воведоа мерки за заштита на вработените и партнертите, кои се состојат од превентивна работа од дома секаде каде што тоа е возможно, преку построги безбедносни процедури во производството и дистрибуцијата до правовремено обезбедени заштитни средства и опрема, и тоа не само во својот систем. Како социјално одговорна компанија, Атлантик се приклучи во заедничката борба против новиот корона вирус на сите регионални пазари на кои делува, и донираше 3,7 милиони евра за вкупна помош во здравствените установи, како и на локалните кризни штабови и институции кои координираат активности за елиминирање на ризикот од зараза и заштита на жителите.

1 Продолжувајќи ја корпоративната стратегија за дезинвестирање од non-core деловни работи од 2019 година, Atlantic Grupa во целост ги напушти сегментите за спортска и активна исхрана (Multipower), за додатоци во исхрана (Dietpharm и Multivita) како и бидонско работење. Компанијата го смени фокусот кон главните категории на роба од широка потрошувачка како кафе, пијалаци, деликатесни намази, солени и слатки закуски, како и на понатамошен развој на дистрибуцијата на аптекарскиот ланец Farmacia. Тоа ја вкучува и целната интернационализација со брендови кои го докажаа својот меѓународен потенцијал.

Би можело да ве интересира:

Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањет... На плажа со Chanel чанта од 6.000 евра позира додека го бакнува синот, а навечер...
Кристина Димитри за новиот дечко: „Се запознавме во Белград, секое утро ме буди со кафе и појадок“ „Се запознавме во Белград. Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg