Намалени рестрикции: Скратен полициски час во работните денови и за викенд
- Детали
- среда, 22 април 2020
Владата донесе нови мерки со кои се намалуваат рестрикциите во однос на забрана за движење, со тоа што полицискиот час ќе започнува од подоцна.
Рестриктивните мерки очигледно дадоа резултат во контролирањето на ширење на заразата, а иако движењето веќе не е толку ограничено, сепак треба да се придржуваме до основните правила како социјална дистанца и одржување хигиена, а препорачливо е во затворен простор да се носи заштита на уста.
Целосно соопштение:
Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.
? Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
? За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.
? Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.
Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.
? Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.
? Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.
? Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.
Повеќе детали на прес-конференцијата во 17 часот.
Би можело да ве интересира:





