Државна лотарија, од денес, со кампања „300 + 100“ за поддршка на онлајн учество во игрите на среќа Лото7 и Џокер
- Детали
- четврток, 16 април 2020
Скопје, (16 април 2020 год.) - Државна лотарија, се придружува кон апелот за останување дома и за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, подготви дополнителна мотивација за учество во овие игри на среќа преку веб страната www.loto.mk.
Од денес, сите онлајн учесници во игрите Лото 7 и Џокер, за секојa уплата од (најмалку) 300 денари за игра во тековно коло, ќе добијат 100 денари – БОНУС промо ваучер.
Правото на стекнување бонус од 100 денари учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, коишто учествуваат преку веб страната www.loto.mk, го остваруваат еднократно во тековното коло, односно, од една корисничка сметка во едно коло може да се оствари само еден бонус – промо ваучер од 100 денари. Во текот на кампањата, еден учесник од својот кориснички профил, по уплатени и одиграни најмалку 300,00 денари, преку веб страната www.loto.mk, може да добие по еден бонус за секое одиграно коло, коишто ќе ги користи за игра во следно коло.
Кампањата, којашто ќе трае еден месец, започнува во април - роденденскиот месец на игрите на среќа на Државна лотарија, а по повод одбележување на 10 години приредување игри на среќа.
Онлајн уплатата за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер се одвива преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и онлај исплата за сите видови добивки, освен за премиите за Лото 7-ка и Џокер со 6 погодоци. Минималниот депозит за игра изнесува 300 денари коишто играчот ги уплаќа на свој кориснички профил од платежна картичка. Корисничкиот профил ги чува податоците, историјатот на игри и добивки, омилените комбинации, како и средствата од добивките коишто учесникот може да ги префрли на трансакциска сметка или да ги користи за игра.
Сега, кога е важно да седиме дома и да избегнуваме излегување и гужви на продажни места, Државна лотарија потсетува дека онлајн учеството во Лото 7 и Џокер е забавна можност да се дојде до големи добивки.
Во тек е уплатата за коло 31 од игрите на среќа Лото 7 и Џокер, коешто носи премија за Лото 7 над 23.000.000 денари и Џокер премија над 600.000 денари.
Среќните броеви може да го направат домот уште посреќно место, затоа вклучи се за среќа, играј онлајн Лото 7 и Џокер, #СедиСиДома и добиј 100 денари – БОНУС промо ваучер за повеќе игра и повеќе можности за добивка.
За помош при регистрирање или други потребни информации, тука е тимот на нашиот контакт центар - на бројот 02 323 7777 и на вибер бројот 076 313 052.
Државна лотарија