Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Состојба до 14.04.2020: Во последното деноноќие има нови 54 заболени и 42 оздравени лица

Каква е состојбата на корона вирус во земјава до 14-ти април 2020? Министерството за здравство објави соопштение со детална состојба - погледнете во продолжение.

sostojba-do-14-04-2020-vo-makedonija-.jpg

Целосно соопштение:

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

- Скопје – 329
- Куманово – 236
- Дебар – 49
- Штип-28
- Прилеп –85
- Тетово – 38
- Струга – 43
- Велес – 34
- Битола –9
- Охрид –4
- Кавадарци – 3
- Гостивар –9
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-3
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 22
- Пробиштип – 2
- Кичево – 1

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен ф-тет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста.

Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19.

sostojba-do-14-04-2020-vo-poslednoto-denonokjie-ima-novi-54-zaboleni-i-42-ozdraveni-lica-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Германецот Финн се заљуби во Прилеп: „Маркови кули се како сцена од Star Wars, некој ми го платил ка... „Се искачив до тврдината стара 600 години, која личи како да е од светот на фант...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg