Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Битолска млекара повторно со донација во најтешките моменти: Со итна постапка обезбеди финансиска поддршка за Министерство за здравство за сервис на апаратите за респираторна нега

(Битола, 06.04.2020) – Битолска млекара излезе пресрет и обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

bitolska-mlekara-povtorno-so-donacija-vo-najteshkite-momenti-01_630x340.jpg

“Моменталната ситуација и кризата КОВИД 19 го сврти нашиот фокус кон напорите на здравствените работници и донацијата ја упативме до Министерството за здравство во делот каде е најпотребна, за обезбедување соодветна и функционална апаратура. Сите сме свесни дека во овој момент многу е тешко да се набават овие апарати за респираторна нега, па од голема важност е нивното одржување и добро функционирање, со цел да им помогнеме на оние на кои им е најтешко”, изјави генералниот директор на Бимилк, Ѓорѓи Петрушев.

Следејќи ја состојбата во државата во вонредни услови, Битолска млекара со цел да го помогне функционирањето на државните институции, предвремено ја уплати вкупната аконтација на данок на добивка за тековната година во вредност од 15 милиони денари. Минатата недела реализирана е донација од финансиски средства и набавка на два пациент монитори во Клиничката болница Битола, како и производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот Крст Битола. За граѓаните од кризниот регион во Дебар и Центар Жупа во најкритичните моменти, компанијата достави донација од 3 илјади литри јогурт.

Би можело да ве интересира:

„Битола најубава“ - Градот на конзулите блесна во новогодишно руво во пресрет на 2025-та Прекрасна архитектура и калдрмени улици надополнети со празнично украсување, Бит...
Биљана од Битола направи празнична медена куќичка: „Ми помогнаа ќерката и сопругот, ќе ја јадеме за ... „Куќичката ја правевме едно неделно попладне, а самото 'градење' траеше околу дв...
Битолчаните Ана и Алексеј ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг 2024 Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола ќе бидат македонски претставници на ...
14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може д... „Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека се...
Сара Мејс модно издоминира со фустан без долна облека на настап во Битола (фото) Ова е едно од најдобрите модни изданија на Сара Мејс досега, со совршена доза на...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg