Промени на работното време на dm дрогериите
- Детали
- петок, 27 март 2020
Скопје 27.03.2020: Сите dm дрогерии продолжуваат да ги задоволуваат секојдневните потреби на граѓаните во делот на храна и производи за нега на бебиња, органска храна, сертифицирана безглутенска храна и додатоци во исхрана, производи за лична хигиена како и производи за чистење и дезинфекција. Но, маркетите од викендот ќе работат со нови измени на работното време.
Во согласност со мерките за заштита донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, компанијата го промени работното време на своите продажни објекти за време на викендот, кои во најголем дел ќе бидат отворени до 14.30 часот.
Во работните денови од понеделник до петок, продажните објекти на dm, вклучително и во трговските центри во најголем дел се отворени до 19 часот.
Поединечните работни времиња на секој продажен објект можат да се пронајдат на официјалната веб-страница на компанијата www.dm.mk или на следниот линк:
АКТУЕЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ: dm.mk/prodavnici.
Со цел зачувување на јавното здравје, компанијата dm drogerie markt ќе продолжи да работи исполнувајќи ги сите препорачани безбедносни стандарди кои подразбираат зголемено одржување и редовна дезинфекција на сите продажни објекти како и на централата. Покрај тоа во самите продажни објекти е укинато користењето на тестери од производите, како мерка на претпазливост повлечени се сите печатени материјали, поставени се бележници за одржување на растојание на подот, а воедно истакнати се и известувања за препораките и мерките на превенција кои се пропишани, со цел спречување на понатамошно ширење на корона вирусот. Вработените во dm дрогериите носат ракавици и заштитни маски, со цел да обезбедиме дополнителна заштита за самите нив, но и за потрошувачите. Дополнително, на сите каси во dm дрогериите се поставени заштитни прегради како додатна превентивна мерка.
Компанијата ќе го прилагодува своето работење согласно мерките кои се носат од страна на Владата за ограничување на движењето на граѓаните со цел стабилизација и спречување на понатамошното ширење на корона вирусот (COVID – 19). Работното време на сите дрогерии редовно ќе се ажурира во согласност со новите одлуки.