„За да го прославам мојот роденден со баба и дедо“ - пораки од најмалите зошто да останете дома (фото)

Деновиве на социјалните мрежи се шири фотографија од 17 мали дечиња кои шират порака да се остане дома за време на корона вирусот како би се заштитиле сите.

za-da-go-proslavam-mojot-rodenden-so-baba-i-dedo-poraki-od-najmalite-zosto-da-ostanete-doma-01.jpg

Сите тие се прекрасни, мили души кои имаат да ви кажат зошто сакаат оваа ситуација да заврши побрзо.

Благодарност до нашите мали дечиња (по редослед):

Теодор, Сара, Александра, Андреј, Момир, Андреј, Елизабет, Тиана, Леонид, Алексеј, Викториа, Константина, Матеа, Филип, Миодраг, Бисера, Ведран, Дариан.

za-da-go-proslavam-mojot-rodenden-so-baba-i-dedo-poraki-od-najmalite-zosto-da-ostanete-doma-02.jpg

Остануваме дома затоа што:

Затоа што сум дете со половина срце и секој вирус за мене може да биде смртоносен, посебно ако ги зафати белите дробови. Колку и да мислиме дека Ковид-19 е само обичен вирус и дека лесно ќе се справиме ако сме заразени, за некои возрасни и деца би бил фатален. Барам во овие моменти да мислите на децата како мојот син. Да не бидеме себични, да седиме дома и да ги заштитиме најранливите. Од срце ве замолува една исплашена мајка за своето дете, но и за сите загрозени дечиња и возрасни.

Знаете што најмногу сака мојот син? Не сака мобилни, не сака телевизори, не сака лаптопи, не сака 4 ѕида. Најмногу сака природа, да си игра со кучето и со мачките. Кога го зедовме дома, на два месеци, со 1.700грама, јасно ни кажаа нема градинка, нема игротека. Треба да создадеме имунитет. Затоа ве замолувам, заради вас самите, заради сите деца, внимавајте на препораките, немојте да бидете сигурни дека нема да се заразите бидејќи на секој може да му се случи.

Затоа што сакаме што побрзо да се вратиме на секојдневната рутина и да бидеме слободни денот да го минеме во авантура.

Затоа што сакам што поскоро да продолжам со моите неопходни третмани.

Затоа што сакаме повторно да го минеме саботното попладне кај баба и дедо.

Затоа што сакаме што поскоро да си играме со нашите најдобри другарчиња, комшичиња.

Затоа што сакам повторно да го поминувам слободното време во мојата омилена игротека, во природа.

Затоа што сакам повторно да одам на гости кај моите прабаба и прадедо.

За мама да остане здрава и понатаму да се грижи за мене, дада и бато.

За да можам повторно да продолжам со моите логопедски третмани.

За да се вратам на училиште.

За да можам повторно безгрижно да се дружам со братучедите и другарчињата на игралиште.

Затоа што сакам да го прославам мојот прв роденден со моите блиски, со баба и дедо кои веќе 3 недели ги немам видено.

За да можам што поскоро да се вратам на училишните клупи со другарчињата и на мојата љубов балетот.

 Затоа што сум предвремено родено дете со две операции до сега. За мене градинката и игротеката се непознати. Природата е таа која ми помага да станам отпорен и посилен, да создадам имунитет. 

Ние сме промената која му треба на светот. Остануваме дома за нас, за вас, за подобро утре!

 Текстот ни го испрати Даниела Хок

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg