Рамсторе Македонија: Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите и капацитетите на сите наши продавници
- Детали
- вторник, 17 март 2020
По повод денешната средба со Министерот за Економија Г-дин Крешник Бектеши, на која беа присутни сите преставници на поголемите маркети, Државниот инспекторат како и најголемите дистрибутери на храна, најпрвин во мое име и во името на Рамсторе Македонија сакам да искажам голема благодарност до Министерот за Економија г-дин Бектеши и до сите присутни на денешниот работен состанок кој помина многу продуктивно истакна Ајхан Узун Генерален Директор на Рамсторе Македонија ДОО.
Најнапред ставајќи акцент пред се на здравјето на нашите потрошувачи, вработени и сите граѓани на Р.Северна Македонија, сакам да ве известам дека водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите и капацитетите на сите наши продавници, применувајки строги правила за безбедност во нашите маркети согласно препораките од Министерството за Здравство и Владата на Р.Северна Македонија.
Во моментов има доволно залихи во нашите продавници, а на денешната средба добивме потврда од нашите добавувачи дека нема никаков проблем со залихите. Цените на основните производи остануваат непроменети, а ќе се обидеме да ги држиме под контрола залихите на сите неопходни намирници за подолг временски период.
Од тука сакаме да упатиме порака до сите граѓани дека нема простор за паника во однос на залихите и услугите бидејки ситуацијата е под контрола, работиме координирано со почитување и применување на сите нови мерки предложени од Владата на Р.Северна Македонија .