Проектот „Ново Име” во Македонија: Потрагата по млади таленти за сега е стопирана
- Детали
- понеделник, 16 март 2020
Проектот „Ново Име“, еден вид на можност за сите млади од цела Македонија да на јавноста и го претстават својот талент и со тоа да се изборат за поддршка за негово унапредување, е стопиран поради пандемијата на корона вирусот до следното известување.
Сите активности кои, во рамки на проектот, се одвиваа во текот на март, се стопирани, а ќе бидат продолжени тогаш кога условите, односно развојот на ситуацијата ќе го дозволи. Тоа значи дека е стопирано гласањето во актуелниот, трет циклус на овој проект, но сите пријави (кои се последни објавени на платформата novoime.mk) и понатаму се валидни и ќе бидат повторно активирани штом системот на избор на Нови Имиња повторно ќе профункционира.
Потсетуваме дека е во прашање проект кој во потполност беше реализиран од страна на компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC, со желба да поддржат и охрабрат млади таленти од територијата на цела Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра.
Проктот започна во јануари и до сега поддржа две Нови Имиња – титулата прво ја освои Сандра Туфеска (Ново Име на цртањето) од Демир Хисар, а победник на вториот круг е Влатко Иљачев (Ново Име на пеењето), кој живее во Богданци.
“Искрено се надеваме дека наскоро ќе можеме да продолжиме со иницијативата да ги поддржуваме младите таленти од Македонија и да им овозможиме да ги унапредат своите вештини и знаења, но, како општествено одговорна компанија, целта ни е тоа да го реализираме во услови кои ќе бидат безбедни за сите нас”, порачаа организаторите на проектот и ја повикаа јавноста на одговорно однесување, во согласност со препораките на надлежните органи, а сé со цел да се заштитат себеси и луѓето во својата околина.