Демант од А1 Македонија поврзан со настанот „Get in the ring Skopje 2020“
- Детали
- петок, 13 март 2020
Скопје 13.03.2020 - Би сакале да ве известиме дека А1 Македонија активно ги следи сите случувања поврзани со COVID – 19 вирусот во земјата и во регионот и следствено на тоа, минатиот месец ги одложи сите предвидени настани, меѓу кои и натпреварот за претприемништво „Get in the ring Skopje 2020“, кој требаше да се одржи во просториите на компанијата.
Објавената информација од страна на организаторот на настанот, Студентски парламент на ФИНКИ е грешна и некоординирана со А1 Македонија.
Уште еднаш потенцираме дека А1 Македонија одговорно ги следи препораките на СЗО и Министерството за здравство и ги презема сите мерки за заштита на вработените и корисниците и ќе продолжи да реагира согласно ситуацијата и препораките. За сите активности и настани на компанијата ќе бидете уредно и навремено известени.