11-годишната Сара со најдобар цртеж на натпреварот по повод Светскиот ден на храната

Пчелите се клучни чинители во ланецот на исхрана и играат важна улога во зачувување на безбедноста на храната, подобрувањето на исхраната и борбата против гладот.

11-godishnata-sara-so-najdobar-crtezh-01.jpg

Светскиот ден на храната ја инспирираше Сара Цветкова, 11-годишна ученичка од Скопје, да ја претвори својата имагинација и уметнички талент во цртеж кој повикува на „заштита на пчелите за постигнување на Свет без глад #ZeroHunger“.

Сара ја освои првата награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната 2019 година. Нејзиниот постер беше избран за прв од најдобрите три во категоријата 9-12 години.

„Благодарение на пчелите ја имаме храната што ја јадеме. Со заштита на пчелите го заштитуваме животот на нашата планета“, вели Сара.

11-godishnata-sara-so-najdobar-crtezh-02.JPG

Таа знае дека пчелите и другите опрашувачи се неопходни за производство на овошје, зеленчук, јатки, семиња и масла кои ги јадеме, богати со микронутритивни материи. Таа е исто така свесна дека пчелите се под закана на низа човекови влијанија - употреба на пестициди, загадување на воздухот и климатските промени.

Во нејзиниот цртеж, таа објаснува, „Пчелата ја носи на својот грб нашата планета за да покаже дека на Мајката Природа и се неопходни пчелите за да создава здрава храна. Според Сара, “ние сме им потребни на пчелите за да ги заштитиме, за пчелите ни се потребни за безбедна иднина на нашата храна и за Свет без глад”.

11-godishnata-sara-so-najdobar-crtezh-04.JPG

Без млади луѓе како Сара, Светскиот ден на храната не би бил посебен. Сара и нејзините пријатели натпреварувачи ширум светот се шампионите на Целта за одржлив развој “Нула Глад”, кои помагаат да се шири зборот дека нашите дејства се наша иднина. Со грижa за животната средина и одржливо живеење, сите можеме да помогнеме во зачувување на нашите екосистеми и безбедноста на храната.

11-godishnata-sara-so-najdobar-crtezh-05.JPG

11-godishnata-sara-so-najdobar-crtezh-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg