20 нови обучувачи за градење на претприемачки општества

Еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија денеска е заминувањето на младите во развиените држави и ниското ниво на претприемачки вештини кај населението.

20-novi-obuchuvachi-za-gradenje-na-pretpriemachki-opshtestva-01.JPG

Тоа се причини за намалување на нови работни места преку бизнис активности. Токму затоа се јавува потребата за ширење претприемачка култура, претприемачки начин на размислување и бизнис вештини, кои овозможуваат на населението да ги остварат своите цели на професионален и личен план.  

За намалување на овој проблем во Источна Македонија, обучивме 20 нови обучувачи за претприемништво, кои што ќе ја шират ЦЕФЕ филозофијата за креирање на економии засновани на компетенции. Во периодот од 07 до 16 февруари 2020 година, во хотел Изгрев, Штип се одржа петдневна обука за обучувачи според ЦЕФЕ Методологијата. Обуката е дел од проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија” поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

20-novi-obuchuvachi-za-gradenje-na-pretpriemachki-opshtestva-02.JPG

Обуката беше организирана од страна на ЦЕФЕ Македонија, а истата ја реализираа Јован Сталевски и Влатко Данилов, експерти со повеќе од 10 годишно обучувачко и претприемачко искуство.

На обуката учествуваа 20 учесници од цел Источен регион (Штип, Струмица, Кочани, Неготино, Велес, Гевгелија, Радовиш, Виница), кои беа избрани преку високо конкурентен и селективен процес од преку 70 апликанти од цела Македонија. Особено радува фактот што Источна Македонија ја препозна потребата од претпримачките способности кои се потребни за развој на овој регион.

Учесниците кои беа дел од обуката, идните обучувачи, се здобија со вештини за дизајнирање, организација, водење и евалуација на обука за претприемништво преку најсовремените алатки и вежби кои се дел од ЦЕФЕ Методологијата. Исто така ги зајакнаа своите лични претприемачки компетенции во насока на барање и селекција на бизнис идеја, поставување на цели, алатки за бизнис анализа, поставување и селекција на пазар и купувачи, организација и менаџмент, менаџирање на финансии, како и вештини за конкурентност на пазар.

20-novi-obuchuvachi-za-gradenje-na-pretpriemachki-opshtestva-03.JPG

Токму овие вештини ќе имаат можност да ги пренесат на своите идни учесници при реализација на обуки во Источна Македонија кои се дел од овој проект.  Нивни целни групи ќе бидат средношколци, студенти, земјоделци, претприемачи, невработени и сл.

Она кое што успеав да го забележам е дека ЦЕФЕ Методологијата има еден сосема друг пристап кон обука кој што не тера преку искуство да размислиме и да ги отвориме нашите прозори за да гледаме од друг агол на работите со цел да стигнеме до целта. Цела оваа обука не научи дека претприемништвото не е едноставен процес. Сите методи беа толку добро концепирани да не водат точно низ патот на претприемништвото и да ни отворат еден нов видик за решавање на ситуациите. – изјави еден од учесниците.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Македонија пак се откажа од Евровизија - трета година по ред без претставник на музичкиот фестивал Нашата земја нема да има свој претставник на натпреварот кој ќе се одржи од 13 д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg