Премиера на „Диви и среќни“ во македонските кино сали
- Детали
- среда, 12 февруари 2020
Премиерата на бугарскиот хит филм “Диви и среќни“ во Македонија е закажана за 13 февруари, а картите за проекциите се веќе во продажба
По рекордната гледаност во Бугарија и неколку европски премиери, хит акционата комедија „Диви и среќни“ премиерно ќе биде прикажана во Cineplexx Скопје и 3D Кино Битола на 13 февруари.
Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица на „Преспав“ - Бугарката Преслава и актерот Александар Сано, познат на македонската публиката како Коса од ТВ серијата “Подземје “, лично ќе го претстават својот нов игран филм пред македонската публика.
„Многу се радувам што успеавме да договориме проекции на филмот во Македонија. Ова е прв бугарски филм со ваков успех. Работевме со многу љубов и посветеност за да ѝ претставиме на публиката квалитетно кино искуство. Се надевам дека ќе ви се допадне“, вели актерката и продуцентка Јана Маринова.
„Диви и среќни“ е возбудлива, акциона комедија или road movie, што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што стана еден од најгледаните филмови за 2019 година. Со холивудска естетика, современа кинематографска динамичност и многу хумор, „Диви и среќни“ е филм за целата публика.
Приказната е за две жени, најдобри пријателки, што ќе посакаат авантуристичка промена во нивниот очаен живот, но настаните се редат непредвидливо, и одеднаш полицијата им е „зад петици“.
Филмот е во режија на Мартин Макариев, а во главните улоги играат Јана Маринова, Луиза Григорова - Макариев, Александар Сано, Дарија Симеонова, Асен Блатечки, Калин Врачански, Јавор Бахаров, Којна Русева, Теодора Духовников, Христо Петров - Ито Хазарт и други.
Премиерата на „Диви и среќни“ во Македонија е закажана за 13 февруари, а картите за проекциите што ќе следуваат се веќе во продажба.
Тизер Трејлер:
Website: www.wildlingsmovie.com
Fb page: https://www.facebook.com/diviishtastlivimovie/
Instagram: @divi_i_shtastlivi_movie